Родителите имаат одговорност да ги учат своите деца многу важни животни лекции, почнувајќи од наједноставните, како на пример, како да ги врзуваат чевлите или како да си испржат јајце, па сè до оние покомплицираните – како да прифаќаат љубов, како да се однесуваат кон луѓето со љубезност, како да бидат тоа што се, и многу други работи. Понекогаш овие лекции вклучуваат и учење на потомците како се капе новороденче. И користење на мачка за споменатата демонстрација.
Неодамна, еден иден дедо од Виетнам стана вирален на социјалните мрежи затоа што се појави со најгенијалниот и најслаткиот начин да го научи својот син како да капе новородено бебе. Неговиот син Вин Кванг Фам го постави на Фејсбук видеото во кое неговиот татко, демонстрирајќи го целиот процес, наместо вистинско бебе, капе малечко маче.
На видеото, можете да го видите таткото како му го покажува целиот процес на неговиот син и ги објаснува сите чекори на овој процес.
Изненадувачки, мачката изгледа дека е крајно опуштена во текот на целото видео. Речиси изгледа како да го разбира својот дел од оваа демонстрација.
Идниот дедо постојано зборувајќи објаснува што треба да се прави објаснувајќи дека цело време треба да се држи внимателно главата на бебето.
На крајот, дедото го става крзненото ‘бебе’ во скутот и демонстрира како треба да се исчисти главата на новороденчето. На видеото можете да го видите како полека ја масира главата на мачката и прска по малку од замислената вода врз неа.
Видеото во моментов има над 47 илјади лајкови и над 11 илјади коментари.
Фото: Фејсбук