Ребека Браун Рајт, мајка на три деца, го споделила со другите родители, нејзиниот начин на смирување на децата во моменти кога имаат изливи на гнев. Нејзиниот таен метод, вели таа, се прегратките, а нејзиното писмо го пренесуваме подолу.
„На почетокот, тоа беше контраинтуитивно – зошто да го прегрнам моето дете додека ми вреска во лице? Но, поврзаноста го преобрази однесувањето на моето дете – и моето.
Таа вреска по мене.
„Не е фер!“ вика таа. Нејзините раце се стегнати, а лицето ѝ е полно со бес.
Ја фрлам поштата што ја подредував и брзам да ја земам во прегратка и да ѝ кажам дека ја сакам.
Рацете ѝ се стегнаа. Нејзиното лице сега е покриено со солзи, но повеќе нема гнев.
Таа ги обвива рацете околу мене, сега сум мирна.
Седиме заедно и чекаме.
Таа интеракција се случува секој ден со барем едно од моите деца. Секој ден некој се лути за нешто. Секој ден прегратката е првиот чекор во мојата дисциплина.
Порано не беше така. Не, понекогаш ќе им се придружев во нивните чувства – додавајќи им свој хаос на нивниот хаос. Скоро секогаш кога некој немаше да ме послуша, кога ќе ми пркосеше или ќе ги оспоруваше моите одлуки, кога ќе бев надвор од контрола, моето однесување доведуваше до посилно врескање, повеќе солзи и подолги изливи на гнев. Однесувањето никогаш не се подобруваше долгорочно. И мојата родителска фрустрација и страв само растеа. Колку погласно викав и колку повеќе казнував, се влошуваа работите.
Морав да се сменам, па решив да пробам нешто радикално (за мене). Нема повеќе викање или казнување. Само поврзување и прегратки. Следниот пат кога ќерка ми се разбесни, потрчав до неа и ја прегрнав. Неколку минути ѝ требаа за да се смири, но се смири. Тоа никогаш не се случило кога ќе викав или ќе казнував.
Така почнав да брзам кон неа секој пат кога таа беше непослушна или само плачеше без причина, и многу брзо тие прегратки станаа најважниот дел од мојата дисциплина. Затоа што не смирија. Тие нè поврзаа. Тие не ставаат во истиот тим за решавање проблеми. Кога сме поврзани, можеме да разбереме што било. Беше контраинтуитивно – зошто да го прегрнам моето дете кога ми вреска во лице? Но, врската беше трансформативна.
Како тренер за воспитување и образование, сега ги учам родителите како да се поврзат со своето дете, а прегратката е клучен прв чекор.
Како да ги користите прегратките при дисциплинирањето?
И покрај тоа што не сите деца сакаат прегратки или физички допир кога се вознемирени, принципот „прво поврзи се“ функционира кај повеќето деца. Ако вашето дете не може да се справи со физички допир, веднаш пронајдете друг начин за поврзување – седнете до него, клекнете до него, држете го за рака или што веќе знаете што ќе ви дозволи детето.
1. Дојдете брзо
Трикот во користењето прегратки е дека мора да дојдете во вистинско време. Ако чекате премногу долго, веројатно ќе се чувствувате премногу фрустрирани за да сакате физички да се поврзете. Ова е нормално (сите имаме свои граници), затоа не обвинувајте се дури и ако тоа се случи. Само обидете се да бидете побрзи следниот пат. Сакам во себе да размислувам: „Побрзај да се поврзеш“. Замислувајќи се себеси како брзам, ми помага да го видам пркосот или бесот на моите деца како момент кога им требам. Криза е и можам да побрзам да бидам тука за нив.
2. Само прегрнете
Не е време да се морализира или критикува. Кога брзате да се прегрнете со детето, единственото нешто на што треба да се фокусирате е да се поврзете со него. Зачувајте ги лекциите за подоцна. Само прегрнете се.
3. Почувствувајте смиреност
Ова е прекрасниот дел. Останете во прегратката и чувствувајте се смирено. Ќе забележите како се опуштаат рамената на детето. Можеби и нивните раце се завиени околу вас. Ова е неверојатно и моќно.
4. Сега можете да разговарате + да останете близу
Откако и двајцата ќе бидете смирени, продолжете со разговор за тоа што се случило. Ако вашето дете удрило мачка, време е да зборувате за тоа како се чувствува мачката. Но, мора да почекате додека вашите емоции не се смират целосно. Понекогаш може да биде потребно време. Во ред е. Бидете блиски и поврзани во текот на разговорот.
5. Бидете трпеливи со самите себе
Ако оваа техника е нова за вас, дајте си време. Држете се до тоа. Откако ќе го направите првиот чекор, ќе бидете изненадени од новиот одговор што ќе го добиете од вашето дете. Прегратката нека ви биде првиот чекор во дисциплинирањето; вашето дете не само што ќе се чувствува смирено, туку и вие ќе се смирите и полесно ќе се справите со сите предизвици на родителството.
Фото: Unsplash