Ова е најдобрата земја во светот за одгледување деца

Без разлика дали планирате да се смирите и да засновате семејство или веќе имате деца, не би било лошо да фрлите поглед на Норвешка, земјата што нуди најдобро опкружување за одгледување нови генерации, според најновото истражување во кое учествувале 180 земји.

0
574

Во најновото истражување во кое учествувале 180 земји, Норвешка е рангирана пред Јужна Кореја, Холандија, Франција и Ирска според низата различни критериуми кои се однесуваат на благосостојбата на децата, се наведува во извештајот кој го објавило медицинското списание Лансет.

Тие опфатиле области како што се здравство, образование и исхрана.

Се покажало дека водечките земји, кои исто така се и помеѓу некои од најбогатите земји во светот, имаат супериорни системи за детски развој, како што се училиштата, болниците и политиките за заштита на животната средина.

Сомалија, Чад и Централноафриканската Република се рангирани на најлошото место на списокот.

Сепак, Светската здравствена организација, која помеѓу 40 детски и здравствени организации, била коавтор на извештајот, вели дека ниту една земја не прави доволно за да ја поддржи следната генерација.

Во извештајот се рангираат и земјите според нивното ниво на прекумерна емисија на јаглерод-диоксид, поточно нивните проектирани нивоа до 2030. година. Утврдено е дека многу од водечките земји во рамки на индексот на процват на децата значително заостанале во мерките за одржливост.

По тоа Норвешка го зазела 156-то место, а Америка 173-то место.

„Од климатската криза до дебелината и штетниот комерцијален маркетинг, децата ширум светот мораат да се соочат со заканите што беа незамисливи пред само неколку генерации“, додала Хенриета Фор, извршна директорка на УНИЦЕФ.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]