Шејн Буркао и Хана Ајлворд преку видеа на YouTube се обидуваат да ја разбијат стигмата и да му покажат на светот дека љубовта навистина нема граници.
Шејн Буркао (26), е роден со невромускулна болест – Спинална мускулна атрофија (SMA) – која го сместила во инвалидска количка уште од двегодишна возраст.
Сепак, тоа не го спречило да најде љубов – во врската со неговата девојка, Хана Ајлвард (23), која трае веќе три години.
Двојката, која долго време била во врска од далечина, сега живеат заедно во Минеаполис, Минесота, но сѐ уште се соочуваат со јавна конфузија и недоволно разбирање за нивната врска.
За да ги едуцираат другите за нивниот живот заедно, Ајлворд и Буркао направиле канал на YouTube кадешто ја објаснуваат реалностата на нивниот меѓусебен однос – и оттогаш добиле повеќе од 127.000 следбеници.
Тие добиваат илјадници прашања во врска со нивниот живот – на кои тие одговараат, во обид да го прошират разбирањето на јавноста.
„Наша цел е нормализирање на попреченоста и односите како што е нашиот“, објаснува Буркао, додека Aјлворд одговарајќи на едно прашање во врска со нејзините обврски вели: „Имам прилично нормален живот“.
Една од најголемите заблуди со кои се соочуваат луѓето се случува кога тие првпат ќе се сретнат со нив – повеќето луѓе сметаат дека Буркао и Ајлворд не се двојка, туку старател и пациент или брат и сестра.
Но, штом двојката ќе ја открие природата на нивната врска, луѓето обично се вчудоневидени и велат: „Тоа е неверојатно!“
И покрај испитувањата кои се појавуваат со инвалидитетот на Буркао, двојката се однесува како и секоја друга – се расправаат за спортот, одат на патувања и планираат да посвојат куче.
Освен што живеат заедно, тие планираат да започна и семејство – откако Ајлвард ќе дипломира.
Иако тие добиваат многу прашања и критики за нивниот однос од странци, значителен дел од коментарите се позитивни.
„Вашиот однос ме инспирира“, е коментарот на едно лице под фотографијата неодамна објавена од двојката. „За мене, интелектуалната врска и личноста се толку важни, навистина ми се чини дека вие двајца сте поврзани на најдлабоко ниво. Ви благодарам што ми дадовте надеж“!
Друг вели: „Те сакам! Јас, исто така, имам SMA тип два, а моето момче е физички здраво. Ние толку многу се поврзавме со вас! Неверојатно е колку луѓе има кои доживуваат слични работи, ние никогаш не сме сами.
Shane Burcaw and Hannah Aylward Use YouTube to Erase Stigma Around Interabled Couples
This couple is using YouTube to erase the stigma around interabled relationships and show the world love has no limits
由 NowThis 发布于 2019年3月27日周三
Фото: Фејсбук