Оваа мајка секој ден ја контролира тежината на својата ќерка

Контрола на обемот на оброкот, вежбање и мерење е секојдневната рутина која на својата 6-годишна ќерка ѝ ја одредила оваа мајка од страв да не се здебели.

0
246

Младите мајки кои ги дојат децата често ги мерат новороденлињата загрижени дали добиле доволно млеко и дали јадат доволно за да пораснат. Но покрај бебињата чија тежина расте секојдневно, на тежина добиваат и другите деца, само со годините тоа оди побавно. Сепак, една Британка признала дека секој ден ја мери својата ќерка која има веќе шест години. Не за да види како расте туку затоа што внимава девојчето да не се здебели!

Во ТВ емисијата This Morning, Надиа Удин прво опишала како нејзината мајка кога била мала и одредувала колку смее да изеде за да не се здебели, а потоа објаснила дека и таа слично постапѕува со својата ќерка – ѝ ја ограничува количината на храна во оброкот и внимава секој ден да вежба, но и редовно ѝ ја контролира тежината. Кога водителката ја прашува дали не смета дека е тоа малку претерано, таа ѝ одговара дека детето тоа го доживува како забавна игра.

Кога јас ќе застанам на вага, застанува и таа и заедно се смееме. Ако ја прашате дали мајка ѝ секој ден ја мери, веројатно би се зачудила и не би знаела за што зборувате – рекла Надиа.

Колку и да не знае, со годините, девојчето сигурно ќе сфати дека е тоа мерење и зошто се прави.

Дали мислите дека е ова добра практика или сметате дека е претерано.

[better-ads type='banner' banner='999' ]