Облеката инспирирана од оригами (традиционална јапонска вештина за правење уметнички фигури од хартија) бувално расте со вашето дете.
Стартапот „Пети Пли“ со седиште во Лондон, разви одржлива облека за деца која ќе биде соодветна за нив откако ќе се родат до три-четиригодишна возраст.
Облеката може да се пофали со иновативен систем на набори што се шират во повеќе насоки.
Материјалот, исто така, може да се врати и на првичната големина – подготвен да им биде предаден на помалите браќа и сестри.
Основачот на Петит Пли, Рајан Јасин вели дека една од главните инспирации за ова било неговото минато како воздухопловен инженер кадешто специјализирал за расположиви структури за нано-сателити.
Ова вклучувало многу истражувања за оригами, структури и набори и растегнувања на што е можно повеќе материјал во мал простор, за потоа да се распореди во вселената и тоа навистина се инфилтрирало во овој дизајн.
Јасин вели дека дете од девет месеци може да продолжи да носи исто парче облека до четиригодишна возраст, минувајќи низ седум различни големини.
Тоа не само што помага да се заштедат пари на облека, туку исто така се намалува негативното влијание на модната индустрија врз животната средина.
„Петит Пли постои затоа што модната индустрија е втор по големина загадувач во светот и ние веќе знаеме кое е едно од решенијата, а тоа е да го продолжиме животот и употребата на облеката и тоа е најдобриот начин на кој можеме да ги постигнеме целите за емисија на јаглерод, вода и отпад до 2030 година. Петит Пли го стори тоа фокусирајќи се на целна група на корисници, какви што се децата, и дизајнирајќи облека која ќе расте заедно со нив“, вели креаторот.
Компанијата сега експериментира и со принтови за да се скријат дамките кои се случуваат во секојдневјето и ја истражува можноста за проширување на облеката и за возрасни.
Фото: maxresdefault