Нe му ставајте на бебето лента на главата додека спие

Бебето може да носи украсна лента на главчето додека е будно, но не и кога спие. Исто така, на родителите им се препорачува да им ја тргнат лентата од глава секогаш кога детето им е надвор од видното поле

0
203

Декоративните ленти за глава за бебињата можат да бидат многу слатки, но само додека се будни. Никогаш не заборавајте да им ја тргнете пред спиење.

Експертите велат дека лентите треба да се отстранат од главата на детето пред спиење, бидејќи додека бебето спие, тие можат да се лизнат од главата и да му го попречуваат дишењето. Ова е слично како што на мајките им се препорачува и да не ја покриваат главата на бебето додека спие, бидејќи може да дојде до прегревање на телото, што го зголемува ризикот од синдром на ненадејна смрт или задушување.

Инструкции за безбеден сон

Педијатрите велат дека постојат многу упатства за безбедно заспивање на бебето, но потенцираат дека овие две правила секогаш треба да се следат:

– заспијте го бебето на грб

– извадете ги сите нефиксирани и непотребни предмети од креветчето (перници, играчки, ќебиња)

Задушување во сон

Опасноста од оставањето на украсна лента за глава додека бебето спие ја вознемири јавноста минатата година кога една мајка од САД на својот Фејсбук профил напиша за случајот на нејзината пријателка.

Имено, по долга прошетка, мајката го оставила бебето да спие во креветчето. Отишла да се истушира, а кога завршила и влегла во собата да го провери детето, ја нашла лентата за глава со голема панделка на носот на бебето.

Лентата предизвикала гушење на детето. Оваа приказна за првпат беше објавена во Manchester Evening News и оттогаш лентата за глава е во посебен фокус на педијатрите и родителите. Бебето може да ја носи додека е будно, но не и додека спие. Исто така, на родителите им се препорачува да ја тргнат лентата од главата секогаш кога нивните деца не им се пред очи, како на пример додека се во автомобил на задното седиште.

Отстранете ги малите предмети

Експертите предупредуваат дека децата можат лесно да проголтаат, да вдишат или да се загушат со предметите затоа што природно ги ставаат во уста. Лекарите потсетуваат дека родителите можат да спречат ризик од задушување осигурувајќи се дека малите предмети се подалеку од дофатот на децата на возраст под три години.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]