Норвешка забранува дигитални уреди за децата до десетто одделение?

Повеќето градски советници во норвешкиот град Ставангер ја поддржале идејата за забрана за мобилни телефони и компјутери во училиштата

0
425

Општинските власти на Ставангер, град во Норвешка, покрај забраната за мобилни телефони во училиштата, планираат да им го одземат на помладите ученици индивидуалниот пристап до компјутери.

Повеќето градски советници ја поддржаа оваа идеја, истакнувајќи дека на овој начин на децата треба да им се дозволи да се „детоксираат“ од виртуелниот свет.

Планирано е учениците од прва до четврто одделение веќе да немаат пристап до персоналните компјутери, а наместо тоа ќе бидат поставени заеднички ДЕТОКС компјутери во училниците што ќе можат да се користат со дозвола на наставникот.

Целта е споменатите мерки да бидат воведени за учениците од сите одделенија, од прво до десетто.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]