„Ми помогна за болките, можев да се опуштам, можев да дишам, не ги чувствував толку трудовите и навистина ми помогна“, рекла за ХРТ Ивана Шестак, чија ќерка Лени ја родила со помош на „рајски плин“. Таа е второ дете во семејството Шестак, а мајката истакнува дека досегашните две породувања се неспоредливи.
Главната акушерка во болницата Кармен Цецарко Видовиќ, објаснила дека секој лек кој го добиваат трудниците за време на родилните болки минуваат преку постелката и стасуваат до детето.
„Овој плин не доаѓа до детето и не му штети. А трудницата се опушта. Не е дека болките целосно престануваат, меѓутоа, жената се опушта и добива ендорфин, хормон на среќа, затоа што се опуштаат, не се толку згрчени“, објаснува таа.
„Рајскиот плин“ на тој начин го намалува користењето лекови, но и бројот на епизиотомии и царски резови.
„Мислам дека е тренд и цел секоја трудница да раѓа со колку што е можно помалку болки и тој момент да ѝ остане во најубаво сеќавање и сакаме повторно да ни се вратат“, коментира Сања Топличанец, од Службата за гинекологја и радоводител на Одделот за породување.
Оваа болница е една од ретките во Хрватска која има татков апарат. Родилките во оваа болница „рајскиот плин“ го користат бесплатно и самите си го дозираат. Надзор од анестезиолог не е потребен. Според досегашните искуства, дури 80 отсто од жените кои родиле со помош на плин потврдуваат дека би го направиле тоа повторно.
Фото: Pixabey