Нов предизвик на ТикТок: Мајките им ги покажуваат градите на своите доени деца (ВИДЕО)

Слично како и повеќето нормални луѓе на кои лицето им светнува кога ќе го видат келнерот како им ја носи нивната храна, и бебињата не се поинакви. Ова е очигледно од видеата што ги снимаат мајките додека им ги покажуваат градите на своите доени деца

0
461

Нов предизвик се шири на Тик Ток. Мајки од целиот свет решија да ги снимат реакциите на своите доени деца во моментот кога тие им ги покажуваат градите.

Предизвикот е проследен од кантри песната Drop Em ‘Out, па го носи називот #DropEmOutChallenge.

Бебињата не можат да го скријат своето задоволство. Слично како и повеќето нормални луѓе на кои лицето им светнува кога ќе го видат келнерот како им ја носи нивната храна, и бебињата, кога мајките ќе им ги покажат градите, ширум ги отвораат очите, се насмевнуваат од уво до уво и лазат толку брзо, колку што им дозволуваат нивните малечки тела за да стасаат до нивните мајки. Во овој момент некои дури и прооделе кога виделе што им покажуваат нивните мајки.

[better-ads type='banner' banner='999' ]