Нов облик на семејно насилство – децата ги малтретираат родителите

Сѐ поголемите тензии во домовите довеле до тоа што децата почнале да ги напаѓаат родителите во текот на забраната за движење поради коронавирусот во Велика Британија, предупредил комесарот за жртви за Англија и Велс Вера Берд.

0
463

Берд рекла дека според извештаите новиот вид на насилство во семејството е во пораст.

„Постојат некои индиции за тоа дека постарите деца ги малтретираат родителите, што веројатно зборува за тоа дека децата сакаат да излезат и дека тоа не им е дозволено“, рекла таа во парламентот, пренесува БиБиСи.

Таа додала дека станува збор за тинејџери и оценила дека е тоа загрижувачки, пренесува Танјуг.

Во разговор со членовите на Одборот за правда на парламентот, таа рекла дека повиците до служби за помош се зголемиле многу повеќе од поплаките до полицијата и додала: „Постои реална загриженост во врска со пристапот до каква било помош ако сте затворени со сторителот“.

Берд рекла дека се во пораст и малтретирањето во семејството, како и асоцијалното однесување и измамите и тоа наспроти Таа додаде дека станува збор за тинејџери и рече дека е загрижувачко, пренесува Танјуг.

Берд рекла дека се во пораст и малтретирањето во семејството, како и асоцијалното однесување и измамите, и тоа наспроти значајниот пад на целокупниот криминал.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]