Трендовите во родителството постојано се менуваат и во денешно време, со зголемената моќ на медиумите, идеите се движат многу побрзо од едниот крај на светот до другиот. Прилично контроверзен овој метод сепак преовладал меѓу Кинезите, пишува The Asian Parent.
Радикален пристап
Првично наречен метод јива (yiwa), на Исток се развива со брзина на молња. Најистакната карактеристика на овој метод на родителство е изразена внимателност и грижа. Некои критичари го класифицираат овој метод како опсесивен.
Родителите што го спроведуваат целосно ја планираат содржината на денот за своите деца во фази кои траат по петнаесет минути, со постојан напор да го извлечат најдоброто од своето дете. Секоја активност е внимателно испланирана и насочена кон поттикнување на успехот и совршеноста на детето во одделни области.
Името на овој стил на родителство доаѓа од древниот кинески медицински метод што се користел до 50 -тите години. Практикувале вбризгување на пилешка крв во крвта на една личност за да се поттикне енергичноста.
Интервенција на државата
Постојат извештаи кои велат дека кинеските семејства трошат помеѓу една четвртина до половина од вкупниот приход за образование и образовни активности на своите деца. Ова оди во прилог на приватните училишта, но заради овој тренд луѓето имаат помалку деца. Причината е што овој стил им одзема премногу време, енергија и пари, додека кинеската влада во последно време се обидува да ги мотивира родителите на спротивното.
Ова довело до ограничување на едукативните активности во приватните училишта, но родителите кои користат метод на „chicken blood“ тоа ги поттикнува да бараат од нивните деца да напредуваат уште повеќе во одредени активности. Тоа е дефинитивно еден од најекстремните стилови на родителство, а само времето ќе покаже како тоа навистина функционира на идните генерации.
Фото: Pexels