Новороденчето и домашните миленици – можат ли заедно?

Мачките обично го игнорираат новиот член и бегаат од бебето. Важно е само претходно да ја запознаете, да ја оставите да ја душка ногата на бебето, да ја види просторијата и да ѝ посветите доволно внимание. На кучето ќе му треба многу време за прилагодување, ќе биде љубопитно и веројатно најдобриот заштитник на бебето во иднина, но важно е да не биде во непосредна близина на бебето во почетните месеци.

0
308

Новороденчињата и домашните миленици во повеќето случаи можат да се согласуваат доста добро. Дознајте како да се прилагодите и кои животни не се препорачливи.

За повеќето домашни миленици важи тоа дека кога ќе стаса бебето, не е потребно да се откажувате од нив, важни се само мали модификации. Повеќето од нив се дури и препорачливи за бебињата, но мора да пронајдете идеална рамнотежа – како да ги натерате вашето прво „бебе“ и вашиот нов омилен член на домаќинството да се согласуваат.
Без оглед колку ги сакаме своите миленици, мора да бидеме свесни дека тие се сепак животни и дека се неопходни мерки на претпазливост за сите да бидат безбедни.
Тука најмногу зборуваме за мачки и кучиња, а исто така ќе зборуваме и за тоа кои животни не се многу безбедни за бебињата и зошто.

Дури и пред да пристигне бебето, важно е да го запознаете миленичето со мирисот на новодојдениот. Ќе им требаат неколку месеци да се навикнат на новиот член, но започнете полека. Мора да му дозволите на кучето да ја помириса облеката на бебето или нешто од бебето од породилното одделение за мирисот да му стане пријатен. Кучето нека ја помириса, да речеме, бебешката пелена на некое неутрално тло, а потоа дајте му да ја помириса истата бебешка облека и дома. Повторете го ова неколку пати за да се навикне на неговиот мирис.

Што се однесува до мачките, исто така е добра идеја да ги оставите да ги помирисаат работите на бебето. Кога доаѓате од болница, најважната препорака е мајката да не го носи бебето, туку таткото, и мајката да ја земе мачката и да ја погали веднаш по пристигнувањето во куќата. Истото важи и за кучето.
Многу родители, па дури и ветеринари препорачуваат да се држат животните подалеку од собата на вашето бебе – барем во првите 6 месеци, сè додека бебето не стане посилно.
Мачките обично го игнорираат новиот член и бегаат од бебето. Важно е само претходно да ја запознаете, да ја оставите да ја душка ногата на бебето, да ја види просторијата и да ѝ посветите доволно внимание. (Никогаш не треба да ги занемарувате милениците).
На кучето ќе му треба многу време за прилагодување, ќе биде љубопитно и веројатно најдобриот заштитник на бебето во иднина, но важно е да не биде во непосредна близина на бебето во почетните месеци. И, се разбира, никогаш не ги оставајте миленичињата со вашето бебе без надзор. Ова е најважниот совет.

Ако сакате дополнително да се обезбедите можете да набавите и специјална заштитна цврста мрежа за колевката и креветчето (што служи за заштита на бебето од комарци и други инсекти, но и за да ја спречи мачката да скокне во лулката).

И на кучињата и на мачките им треба нивниот простор, агол во кој ве нема ниту вас, а особено не бебето. Ставете ја нивната перница, гребалката со корпата или нешто слично во посебен агол во куќата, каде што ќе се чувствуваат безбедно. Кога бебето ќе порасне, на мачката ќе ѝ биде особено драга гребалката со корпа што е далеку од дофатот на рацете на бебето.
Внимавајте на вашето домашно милениче и како тоа реагира на бебето. Не смеете да го запоставувате и со тоа да го направите љубоморен. Може да ги доближите бебето и животното малку поблиску само кога тоа ќе стане посилно и кога ќе помине преодниот рок кога ќе видите дека миленичето се навикнало на новата ситуација.
Експертите сметаат дека речиси и да нема ризик. Обрнете внимание на хигиената, не дозволувајте животното да влезе во собата на бебето (во првите шест месеци, или ако одлучите така, воопшто нека не влегува), не се плашете од влакната (тие не можат да му наштетат на бебето).

Редовно носете го вашето домашно милениче на ветеринар; измијте ги рацете откако ќе го допрете животното и пред да влезете во собата на бебето; скратете му ги канџите, не дозволувајте да го лижат лицето на бебето, бањајте ги надвор или на друго место.
Кога вашето бебе ќе почне да ползи, ќе мора да ги подигнете мерките на претпазливост на ново ниво. Бебето не смее да има пристап до песокот на животното, ниту пак до садовите со храна.
Животните ќе бидат преплашени од бебето кое ползи. Бидете повнимателни во овој период. Прилагодете ги неколку месеци претходно, повлекувајќи ги за увото или за опашката неколку пати во текот на играта. Гледајте како тие ќе реагираат. Играчките на вашето домашно милениче чувајте ги подалеку од бебето, и обратно, се разбира. Учете го детето да го милува и да се грижи за животното, а не да го злоупотребува.
Меѓу животните за кои не се советува да се чуваат во куќата кога ќе дојде бебето се: влекачи (гуштери, желки, змии, ..), но и жаби, пајчиња, кокошки, па дури и птици (освен ако се во кафез надвор од дофатот на детето). Не се препорачува за деца под 5 години. Тие можат да бидат носители на салмонела и други опасни бактерии.
Посебно се опасни желките кои лесно можат да пренесат салмонела на децата. Ако како домашно милениче сте чувале хрчак, глувци или еж, подарете ги некому. Егзотичните животни не се добро друштво за бебињата.

На присуството на миленичињата со бебињата се гледа сè поповолно, особено по низата истражувања кои покажаа многу добри работи што дружењето со кучиња и мачки му ги носи на вашето малечко.
Децата на родители кои немаат алергии, докажано е, и самите имаат помалку можности да бидат алергични ако растат со крзнени животни. Бебињата кои растат со домашни миленици, со хигиена на ниво, имаат посилен имунитет, а развојот на мозокот на бебето е забрзан.
Оваа врска може да биде повеќе од прекрасна и сите оние прекрасни моменти и искуства што животните ви ги донеле ќе му ги донесат и на вашето дете.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]