Упатствата, објавени во списанието Педијатрија, го ажурираат и го заменуваат извештајот на ААП за 2008 година за спречување на атопични болести – како што се астма, состојби на кожата и алергии на храна – кај децата.
Додека науката во оваа област е сė уште во развој, новиот извештај на ААП вели дека има повеќе докази отколку било кога, за да се сугерира дека намерното воведување на некои видови храна на децата во почетокот на животот може да им помогне да го спречат развојот на алергии на храна кои влијаат на 8 отсто од американските деца и на 11 отсто од возрасните.
Со години, лекарите мислеа дека одложувањето на возраста во која децата за првпат ќе пробаат алергени како што се кикириките, јајцата и млекото може да им помогне да ги избегнат алергиите подоцна во животот.
Но, во 2008 година упатствата на ААП им сугерираа на родителите дека нема причина да се одложува воведувањето на овие прехранбени производи кај децата што се на возраст над четири до шест месеци.
Новите упатства се залагаат за воведување на кикириките уште порано.
Од 2008 година, повеќе истражувања покажаа дека децата кои се изложени на висок ризик од развој на алергии од кикирики – како што се оние со сериозни егземи, алергии на јајца или фамилијарна историја на алергии – треба да им се даде храна која содржи кикирики уште од четири до шест месеци возраст, под соодветен медицински надзор.
Со тоа се покажа дека се намалува веројатноста за појава на алергии подоцна во животот.
Децата со умерен ризик треба да добијат кикирики на возраст од околу шест месеци, според најновите истражувања, додека оние со низок ризик можат да ги јадат секогаш кога е соодветно за возраста и културата.
Нема докази кои укажуваат на тоа дека алергиите може да се спречат со одложување на возраста во која децата најпрво јадат други најчесто алергиски производи, како што се јајцата и рибата, според ААП.
Во упатствата не се прецизира точно кога бебињата треба да ја јадат оваа храна, но велат дека нема докази дека нивното воведување треба да биде намерно одложено повеќе од четири до шест месеци.
Иако не постојат силни докази дека доењето може да ги спречи или да ги одложи алергиите на храна, практиката може да помогне во спречувањето на други видови на атопични болести, велат новите упатства.
Бебињата кои се ексклузивно доени за првите три до четири месеци од животот може да имаат помала веројатност да развијат егзема во детството, а оние кои се дојат над четири месеци може да имаат помала веројатност да развијат отежнато детско дишење и астма, дури и ако не се ексклузивно доени , се вели во извештајот.
Исто така, не постојат добри докази кои укажуваат на тоа дека мајките може да ги спречат алергиите на храна кај доенчињата, ограничувајќи ја својата исхрана за време на бременоста или доењето, велат упатствата.
И во измената на препораките од 2008 година, ААП вели дека нема доволно докази за да се каже дека користењето хидролизирани формули за новороденчиња може да ја спречат атопичната болест.
Со избегнувањето на кикириките како алергенси, појавата на алергиите подоцна може да биде сериозна и доживотна.
Фото: amsw photography from Pexels