Студијата која опфатила 71 дете во распон од шест до дванаесет години открила дека оние кои користеле Google Glass покрај терапијата, учествувањето во применетата анализа на однесувањето (applied behavior analysis – ABA) имале поголема добивка од децата кои примале само терапија.
Очилата Google Glass имаат камера, мала стреа и звучници и работат безжично со помош на паметен телефон. За студијата, децата со аутизам користеле апликација која можела да открие осум емоции – среќа, тага, лутина, страв, изненаденост, згрозување, презир и неутрално – во оние околу нив.
„Систенот делува како вистинско проширување на нивната стварност, држејќи ги во нивниот природен друштвен свет, а не изнесувајќи ги од него“, рекол Денис Вал од Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд која ја предвдел студијата објавена неодамна во списанието JAMA Pediatrics.
„За разлика од виртуелната или мешовитата стварност, проширената стварност е потенцијално моќно средство преку кое можеме да ги научиме децата на социјални вештини за да се спречат некои од тие недостатоци во раниот развој.
Сите деца во студијата се проценувани на почеток и потоа учествувале во клиничките сесии на ABA терапијата. Освен тоа, пишува Disability Scoop, 40 деца добиле Google Glass на користење 20 минути четири пати неделно во текот на шест недели.
Децата кои користеле Google Glass примиле од уредот говорни или визуални упатства кои им помогнале да ги дешифрираат емоциите на другите околу себе. Или можеле да играат игри смислени такашто од нив извлекуваат одредени емоции или да погодат кои се тие изрази на лицето.
Кога се завршил периодот од шест недели, истражувачите повторно ги провериле сите деца користејќи стандардна скала на социјализација. Откриле дека деата кои користеле Google Glass постигнале подобар резултат од децата кои учествувале само во ABA терапијата.
„Ова се темели на статистички ригорозен пристап кон анализата на податоците“, рекол Вал.
„Иако вкупниот резултат е скромен, позитвната промена која се види кај лекуваните деца е значајна и укажува на нов смер кој би можел да им помогне на децата да ја добијат потребната грижа.
Намерата е Google Glass да биде краткорочен помошник кој на децата ќе им помогне во учењето вештини кои потоа ќе можат самостојно да ги применуваат.
Најновата студија ги проширува откритијата објавени минатата година после помало тестирање на ваквиот пристап. Истражувачите веќе работат на поголема студија за да ги потврдат дополнително своите наоди.
Фото: Forbes