Никогаш не им се заканувајте на децата дека ќе ги оставите

Речиси секој родител барем еднаш му кажал на своето дете некоја лага која ја сметал за наивна и безопасна, но стручњаците предупредуваат дека тоа може да донесе повеќе штета отколку корист.

0
218

Според мислењето на стручњаците, лажето на децата и заканите дека ќе ги оставите може да предизвика долгорочни проблеми.

Една мајка, Шона Хендли, признала дека го направила тоа неколку пати, но стручњаците ѝ откриле дека ова може да предизвика големи проблеми.

Ако му се заканите на детето дека ќе го оставите, дури и на прилично наивен начин, си играте со безбедноста која вие ја претставувате за своето дете“, изјавил д-р Алан Сруф од Универзитетот Минесота за The Atlantic.

Ако веќе сте го направиле ова, не мора да кревате паника. Психологот д-р Џудит Лок вели дека не е проблем ако се случило тоа во одредени ситуации.

Важно е да не го правите тоа често. Сѐ зависи од минатото на детето. Ако има некоја траума и се плаши од напуштање, дефинитивно може да биде многу штетно“, предупредува.

Д-р Лок смета дека целосната вистина може да биде понекогаш премногу комплексна за детето па е потребно да се најде златна средина.

Прилагодете го објаснувањето на возраста на детето. Не препорачувам да лажете, но понекогаш можете да ја ублажите вистината“, вели.

Не се вели без причина дека децата впиваат како сунѓер, а родителите, особено во првите години од животот им се примери.

Родителите не би требало да се чувствуваат виновни ако живеат живот на возрасни личности. Не би требало да се изложуваме на притисок дека треба да живееме совршени животи“, предупредува и додава дека не постои доказ дека децата нужно ги наследуваат навиките на своите родители, напротив, смета дека тоа понекогаш може да има позитивен резултат.

Не е реткост децата да не пушат ако во детството ги гледале рдителите кои секојдневно го прават тоа“, заклучува д-р Лок.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]