Разводот претставува еден од најтешките периоди во животот на сопружниците. Сепак, моментите на разделбата многу потешко им паѓаат на нивните деца. И не само тоа.
Истражувањето кое го спровеле научниците од Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург, во кое учествувале 200 испитаници, покажало дека кај децата на разведени родители се создава поголем ризик од проблеми со здравјето.
Поточно, кавгите на родителите негативно влијаат на физиологијата на децата што доведува до чести воспалителни процеси и со самото тоа до поголем ризик од хронични болести.
Непостоењето на комуникација помеѓу поранешните сопружници го прави ризикот за инфекции кај децата тројно поголем дури и 20 до 40 години подоцна. Не само кавгите, туку и нерешните судири оставаат последици врз здравјето на детето.
Претходните истражувања покажале дека нерешените судири помеѓу родителите, освен на раниот развој на детето, може да влијае и на неговото ментално здравје и успех подоцна во животот.