Не се бојадисувајте барем во првото тримесечје од бременоста

Секоја трудница сака да изгледа убаво и негувано во текот на бременоста, но сепак, пред да се упатите кон фризерскиот салон, прочитајте кои третмани би требало да ги избегнувате.

0
259

Во текот на бременоста треба да бидете повнимателни во секој поглед, па и кога станува збор за одењето на фризер. Еве што можете да правите без гајле, а од што би требало да се воздржите.

Не претерувајте со хемикалиите. За време на бременоста, женското тело претрпува многу хормонални промени и ова им е добро познато на сите, а тоа може да влијае на начинот на кој телото ги процесуира хемикалиите и производите. Поради оваа причина, можеби е добра идеја да избегнувате производи полни со хемикалии во текот на овие девет месеци. Ова ќе го заштити вашето бебе од можна контаминација со хемикалии со кои вашето тело едноставно не знае како да се справи.

Не ја бојадисувајте косата во текот на првото тримесечје. За овој проблем се зборува со децении. Првото тримесечје од бременоста е секако најчувствително и затоа би било идеално да се избегнува бојадисувањето во овој период. Многу организациции потенцираат дека бојадисувањето е сосема безбедно во подоцнежната бременост, но има доктори кои не се согласуваат со ова и веруваат дека употребата на вакви хемикалии треба да се одложи до после породувањето.

Користете регенератори и пакувања. За време на бременоста, косата може да биде посува од вообичаеното, што може да доведе до зголемено опаѓање на косата и пукање. Поради оваа причина, дозволено е да ставате на вашата коса пакувања или да одите на третмани со топло масло. Но, не претерувајте ниту во тоа, еднаш месечно ќе биде сосема доволно. Во меѓувреме, слободно користете го вашиот нормален регенератор.

Прочитајте ги етикетите на производите. Многу е важно секогаш да ги читате етикетите, но особено за време на бременоста. Многу производи содржат многу штетни хемикалии и состојки на кои не треба да бидете изложени за време на бременоста. Дури и производите означени како „органски“ можат да содржат некои штетни состојки. Прашајте го вашиот лекар на кои супстанции треба да обрнете особено внимание.

Дозволете си масажа на главата и на косата. Како што веќе споменавме, косата може да биде доста сува за време на бременоста, затоа треба да нанесувате масла 3-4 пати неделно. Исто така, масажата на главата го поттикнува производството на природен себум, затоа замолете го вашиот стилист за масажа.

Негата за коса не треба да се занемарува во бременоста, но важно е да се прилагоди на вашата состојба. Во моментов има многу безбедни опции за бремени жени, прашајте ги кои се безбедни за вас и вашето бебе и користете ги во текот на тие девет месеци. По породувањето и постпородилниот период, сè полека ќе се врати на свое, а вашата коса ќе се врати во состојбата во која била порано.

Фото: Pixabey

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]