„Ние, долу потпишаните изјавуваме дека нема да раѓаме деца поради сериозноста на еколошката криза и актуелното недејствување на владите иако на сите ни е загрозена егзистенцијата. Мотивите кои не обединија и не поттикнаа на овој вид на активизам е неизвесната иднина, односот кон единственото место за живот што го имаме, како и меѓучовечките односи“, пишува во декларацијата на #BirthStrike.
Сакам деца, но ме загрижува на каков свет ќе ги донесам.
Членовите на групата не сугерираат дека и другите би требало да го направат истиот избор. Групата ја иницирала музичарката Блајт Пепино (29) кога сфатиладека сака да има деца, но ја загрижува на какв светќе ги донесе.
„Го запознав својот партнер кој многу го сакам, а речиси сите моипријатели веќе имаат деца и ми се виде како дбра идеја да ги имам и јас. Паралелно со размислувањата за деца растеше и мојата свесност за климатскте промени“, објаснила Пепино за FastCompany.
Пепино, во групите за зштита на средината во кои била активна, почнала да зборува со другите жени за проблемот којја преокупирал. Се изненадила кога сфатила дека многумина размислуваат за тоа, но дека немале со кого да ги споделат своите размислувања па решила да основа ФБ група #BirthStrike. Во само неколку дена ѝ се придружиле 90 жени.
Помалку луѓе, помалку јаглероден отисол на планетата
Неодамнешните студии покажале дека со намалувањето на раѓањето на деца се намалува и нашиот јаглероден отисок на планетата, но тоа е само една од причините кои можатда ги мотивираат жените да одлучат да не раѓаат. Најмногу за тоа не мотивира загриженоста заради сѐ позачестените климатски катастрофи како и многу веројатниот недостаток на храна до кој би можело да дојде како и до појава на разни болести поврзани со околината.
Пепино не е оптимист дека светот ќе ги направи потребните промени за да се зафати со климатските промени: „Тоа не ме спречува во натамшните обиди да се случи тоа. Восхитена сумод луѓето како што е Грета Тунберг која толку млада се активираше и ги поттикна ученичките протести за климата. Бидејќи одлучив да немамдеца, имам и повеќе време да дејствувам како активист. Ова е многу емотивна и тешка одлука, но тоа е мојот начин да им покажам на оние кои можат да направат нешто дека речиси сум изгубила секаква надеж. Еднакво како и сите други кои донеле иста одлука од иста причина“, вели таа.
Фото: Pixabey