Не, не, пази, ќе паднеш, ќе се повредиш

Ова го кажуваме многу пати во текот на денот, сето тоа затоа што навистина не сакаме нашето дете да се повреди и да се расплаче. На ваков начин ние не им дозволуваме да бидат деца, па така и не им дозволуваме да ја развиваат својата интелигенција.

0
262

Мисијата на родителите е да му го дадат најдоброто на своето дете. Тие ги чуваат своите деца како малку вода на дланка, но има неколку грешки кои постојано ги повторуваат.

Поттикнувањето на интелигенцијата кај детето е важен дел од воспитувањето. Постојат цела низа примери на класични грешки што ги прават родителите и веруваме дека би сакале да знаете кои од нив се ваши. Ќе се осврнеме на оние што ги правиме скоро несвесно, а сепак често.

Не, не, пази, ќе паднеш, ќе се повредиш … Ова го кажуваме многу пати во текот на денот, сето тоа затоа што навистина не сакаме нашето дете да се повреди и да се расплаче. На ваков начин ние не им дозволуваме да бидат деца, па така и не им дозволуваме да ја развиваат својата интелигенција.

Децата сакаат да скокаат од кревет, од столици, можат да се вртат околу својата оска, толку многу што ќе им се заврти во главата. Детето на тој начин го развива својот мозок, а во исто време одржува рамнотежа, ги вклучува сите мускули во телото и исто така му помага на детето побрзо да го согледа и препознае светот околу него и побрзо да размислува и побрзо да заклучува.

Тие уживаат да одат по работ на тротоарот, а потоа и да балансираат, а вашиот страв од тоа дека ќе паднат на улица и ќе ги удри автомобил ве тера да го преместите на безбеден дел од тротоарот.

Вашето дете, седнато во фотелја, од чист мир, знае да започне да се лула и да ја удира главата од потпирачот за грб, сè посилно и посилно. Веќе започнавте да се прашувате кај кој специјалист да закажете состанок, бидејќи тоа не изгледа многу нормално.

Не ни претпоставувате дека тоа всушност само замислува некоја своја имагинарна  линија и се одбива од неа за да ја досегне повторно. Кога ќе му здодее, тој ја поместува својата линија малку подалеку и почнува да удира уште посилно. Во тој момент се активираат сите мускули во телото на детето, и тоа не само физички, туку овие дејства ја поттикнуваат работата на мозокот, кој ги движи и контролира мускулите, што е дополнителна стимулација за развој на неврони во мозокот. Невроните се клучни во оваа приказна и имајте на ум дека најбрзо се развиваат до седмата година.

Со развојот и одржувањето на невроните во живот, и што е најважно, создавањето нови врски помеѓу нив, се зголемува и самата интелигенција на детето. Поубаво кажано, мозокот, кој е стимулиран од природните детски „белји“, не дозволува изумирање на невроните.

Невроните страдаат и умираат пред таблетите, телефоните и телевизорите, невроните се радуваат и се размножуваат кога се опкружени со светли бои, а не бебешка розова и светлосина. Дозволете му на вашето бебе да ползи по бетон, земја или трева, на овој начин ќе помогнете во стимулација на сетилото за допир, така и се развиваат важните центри во мозокот на бебето.

Кога вашето дете ќе се искачи на некое дрво и ќе се сврти наопаку, вие треперите затоа што крвта ќе му удри во главата, а сте слушнале дека тоа може да биде фатално. Не грижете се, тоа само сака да ја види зградата од поинаква перспектива, и не само зградата, целиот свет!

Опуштете се, верувајте дека вашето дете може да стори во основа сè што и самото проценило дека може, бидете му поддршка затоа што сме сигурни дека не сакате да бидете камен на спрепнување.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]