Не ми треба твојата помош: 9 знаци дека вашето дете сака повеќе слобода

Беспомошните суштества кои целосно зависат од вас брзо стануваат „мали луѓе“ на кои им е потребен личен простор и одредена слобода. Препознајте ги првите знаци на самостојност кај своето дете.

0
488

Сите родители ќе се сложат во едно – децата пребрзо растат. Нема ни да трепнете, а тие повеќе нема да сакаат да се галат со вас или да се стуткаат само за да бидат до вас затоа што се веќе големи.

Постојат работи кои бебињата и малечките деца ги прават за да добијат свое парче простор или едноставно, за да излезат од ситуација која не им е по волја. Ова се само некои од нив …

Буквално отползуваат или знаат да се оддалечат од вас на нозе

Кога бебето не сака да го држите тоа буквално ќе отползи од вас. Ако тоа не е знак дека им треба простор или дека не сакаат да бидат тука, тогаш не знаеме што е. Интересно е што и пред да проговорат, тие испраќаат толку јасни и недвосмислени пораки.

Престануваат да плачат штом го свртите погледот од нив

Сите бебиња минуваат низ стравот од раздвојување од мајката, без оглед дали само сте излегле од просторијата, или сте го оставиле во градинка. И потоа наеднаш, нема повеќе плачење, повеќе не ни забележуваат кога ве нема ниту пак се грижат, што е многу добро бидејќи значи дека се чувствуваат сигурно. Сепак, не можеме да кажеме дека како родител ова нема малку да ве заболи, но позитивната страна од тоа е дека ќе можете да одите сами во купатило после подолго време.

Ве исфрлуваат од кревет

Спиењето заедно е прекрасно во првите 10-15 минути. Потоа ќе почне да ве удира, да се качува по вас, или да прави сѐ што ќе ви даде на знаење дека не само што сака свој простор, туку му е и потребен.

Повеќе не сакаат да се галат

Знаете дека како помали секогаш сакаа да ви седат во скутот, но кога ќе пораснат, тоа е сѐ поретко. Затоа искористете го секој момент во кој сакаат да се галат со вас.

Сѐ сакаат да направат сами

Нема ништо послатко од тоа кога детето ќе ви каже дека сака нешто да направи самото. На пример, да јаде самото, да се облекува, или да го држи шишенцето со млеко, е едноставно неодоливо. И бидете сигурни дека ако се зажелат за простор, нема да се воздржуваат да го побараат, а како резултат на тоа ќе научат да прават самостојно некои корисни работи.

Не сакаат да ги носите

Доста родители сакаат да ги носат своите деца во кенгури. Во еден момент ќе заклучите дека вашето дете сака да оди. Тоа може да се случи на потежок или на полесен начин, само е важно да го сослушате детето или ќе се најдете во ситуација детето да добие напад на бес во продавница пред едно чудо луѓе и да ве посрамоти.

Подобро спијат во својата соба

Педијатрите препорачуваат бебето да спие со родителите (но во свое креветче) додека не наполни една година. Меѓутоа, постојат и такви деца кои не можат да спијат во иста просторија со родителите и многу подобро се одмараат ако имаат сопствен простор.

Отворено велат „не“

„Не“ е често прв или меѓу првите зборови што ги научуваат бебињата. Потрудете се да почитувате кога детето нешто ќе одбие, особено кога тоа се однесува на нивната слобода и простор.

Се виткаат наназад кога ќе ги кренете

Веројатно како и многу родители, не сакате кога вашето дете се извива наназад и се обидува да „слета“ на глава кога сака да си оди. Иако постои голема можност да се повредат во таа положба, тоа е нивна јасна порака дека не сакаат да ги држите.

[better-ads type='banner' banner='999' ]