Ограничувањата кои родителите често им ги поставуваат на децата можат кај нив да предизвикаат чувство на несигурност и да го забават нивниот развој, укажуваат психолозите.
Сепак, ни целосна слобода не е добра за детето, затоа што мора да се знае кој е „главен“ дома и некои правила мора да се почитуваат.
Ви откриваме што не треба да му ускратите на детето.
Поставување на прашања
Детето расте и учи за светот поставувајќи сѐ повеќе и повеќе прашања. На родителите понекогаш може да им биде тешко да најдат одговори на сите прашања, особено кога се уморни. Но, квалитетното време кое го минувате со своите деца помага во развојот и создава цврста врска помеѓу вас и детето.
Плачење
Децата се многу поемотивни од возрасните. Не им забранувајте на децата да плачат и потоа да се срамат поради тоа. Помогнете им да сфатат зошто плачат и заедно најдете најдобар начин да научи да излегува на крај со своите чувства.
Одречен одговор
Ако му забраните да каже „не“, ги кршите неговите граници. Наместо тоа, обидете се да најдете компромис или објаснете им дека мораат понекогаш да работат нешто што не сакаат.
Бучава
Не им ја расипувајте секоја забава. Нека пеат и нека скокаат. Впрочем, ова е единствен период во животот кога треба да се однесуваат како што сакаат.
Стравови
Малите деца можат да се плашат од доктор или од некој чуден роднина, и тоа е во ред. Не ги засрамувајте ако се плашат. Нека знаат дека сте таму и дека немаат од што да се плашат.
Тајни
Колку се децата поголеми толку повеќе приватност им треба. Би требало да знаете што се случува во нивните животи, но внимавајте да не го загрозите нивното право на приватност. Вашата доверба е непроценлива. Не го ризикувајте тоа такашто ќе им го читате дневникот.
Лутина или љубомора
Детето има право на негативни чувства. Запомнете дека нивната волја уште не е силна и тешко се контролира. Не смеат да помислат дека е во ред да се изразуваат само позитивните чувства.
Право на грешки
Никој не сака грешки, а уште полошо е кога детето се плаши да згреши. Никогаш нема да се осмели да проба нешто ново ако се плаши дека ќе згреши.