Не е машки да се биде ‘бубалица’

Како последица на невидена феминизација на училиштето, имаме индикативен факт дека момчињата сочинуваат повеќе од 80 отсто од децата што не умеат да читаат (во понижите одделенија) и кои имаат проблеми со учењето

0
192

Многу од нештата што училиштата ги бараат од учениците во текот на образовниот процес се повеќе приспособени за девојчињата. Училиштата бараат и наградуваат мирни, педантни, кооперативни, вербални, уметнички и други пасивни видови активности за фина моторика кои се извршуваат во затворен простор.

Многу студии покажале дека способностите за фина моторика во текот на првите одделенија од основното образование побавно се развиваат кај момчињата отколку кај девојчињата. Истото се случува и со вербалните способности. Момчињата на таа возраст се чувствуваат глупаво и непријатно кога од нив се очекува да завршат ист вид училишни задачи како и девојчињата. Со мали исклучоци, на девојчињата образованието полесно им паѓа. Момчињата често изразуваат отпор и со тешкотија се вклопуваат во режимот на училницата и во извршувањето на задачите што се очекуваат од нив.

Училишниот систем е „местенка“ за момчињата

Наместено им е да не успеваат бидејќи „правилата на игра“ не се во согласност со нивната природа. Во текот на образованието акцентот на момчињата мора да биде ставен на движење, енергија и излегување од затворените простории. Ним им се потребни повеќе возбудливи или природни активности, во чии рамки се користат машките способности, наместо да се потиснуваат. Тоа не треба да се ограничи на спорт, туку да се прошири и на наука, уметност, музика, читање, пишување и математика. Вака, како последица на невидена феминизација на училиштето, имаме индикативен факт дека момчињата сочинуваат повеќе од 80 отсто од децата што не умеат да читаат (во понижите одделенија) и кои имаат проблеми со учењето.

Повеќето мажи ги мачи: осаменост, компулсивно натпреварување и доживотен страв од чувствителност. Постојните стереотипни улоги не ни даваат задоволство. Момчињата ги воспитуваат главно мајките, а ги учат (во нижите одделенија) учителки (главно жени). Од кого ќе научат да бидат мажи? Човекот не може да го даде она што го нема, зарем не? Жените никогаш не биле мажи, па така не можат да знаат како се станува тоа.

Мажите сè помалку се образуваат. Ако продолжат сегашните трендови, некаде кон средината на овој век момчињата повеќе нема да одат на универзитет.

Последици од недостигот на татко во воспитувањето и феминизацијата на училиштето:

„Момчињата не даваат сè од себе. Не се стремат кон ништо. Стануваат агресивни. Сметаат дека е кул да се биде глупав“… слушаме често од учителките. Девојчињата брзаат напред, момчињата не успеваат да ја следат работата. Има повеќе причини за тоа. Мажите речиси и да исчезнаа од образовната професија, особено од основното образование, па момчињата не го доживуваат образованието како машка дејност. Тоа е нешто што ги врзува за мајките, што ги прави зависни, во што нема акција. „Тоа е за бубалиците (читај зависни, асексуални) или за оние што се вовлекуваат (читај девојчиња)“. Не е машки да се биде добар ученик.

Момчињата со отсутни и презафатени татковци и не се обидуваат да бидат слични на татковците. Наместо тоа, тие се под влијание на своите врсници. Групата врсници, за жал, е прилично „глупаво животно“. Емоционалната клима на момчешката култура по училиштата е често застрашувачка и негативна. Секое петто момче е злоупотребувано во училиште барем еднаш неделно. Момчето кое имало нежно и пријателско опкружување дома може да открие дека мора, за да биде прифатено, да заземе лажна мачо-позиција, да се однесува лошо, да омаловажува девојчиња и дури и да учествува во злоупотреба. Студената и рамнодушна интеракција помеѓу просветните работници и учениците придонесува кон клима на злоупотреба во училиштето. Сите трпат кога се занемарува развојот на момчињата. Емоционалната клима на момчешката култура во училиштата е често застрашувачка и негативна.

Какви учители им се потребни на момчињата?

На момчињата им се потребни учители, но не какви било. Истражувањето што го спровел Питер Даунс во Англија утврдило дека постојат 4 квалитети кои ги поседуваат најдобрите учители: цврстина, смисол за хумор, правичност и фокусираност. Момчињата најдобро учат од човекот кој несомнено ги држел работите во свои раце, но кој не бил злобен, ниту натпреварувачки настроен, туку позитивен и добро организиран.

Не сакале учители кои биле „еден од момците“. Заклучок: Потребни се мажи во образованието кои поседуваат одредени особини и следните вештини и способности:

– Советодавни вештини и умеење за решавање конфликти.

– Увид во тоа дека момчињата на кои им недостига нежност често развиваат агресивност како замена.

– Одговарање на копнежот за татко кај момчињата кои немаат соодветна грижа од таткото или се без татко.

– Јунак-или-негативец динамика кај младите – како да се пренасочи енергијата на конструктивни начини.

– Вештини за спротивставување со помош на цврста љубов – како децата да се учат на мислење и решавање проблеми наместо како дисциплинско средство да се користи заплашувањето.

Што треба да направи министерството за образование?

Училиштето често е сцена за страв и неуспех за момчињата. Можеме да направиме училиштето да биде попријателски настроено кон момчињата на следните начини:

– Училишниот двор да го направиме безбеден со спречување на насилството од страна на учениците.

– Со вработување повеќе наставници-мажи, особено во основните училишта.

– Справување со прекумерниот натпреварувачки дух во детскиот спорт и повторното откривање на спортот како разонода, средство за саморазвој и вежбање.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pixabay

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]