Многумина од нас се склони да кажат дека малото дете е мала грижа, а големото дете е голема грижа … Но, дали е тоа толку едноставно?
Училиштето може да биде сурова околина за дете кое не е добро примено во друштвото. Но, ако мислите дека издвоеноста од друштвото може да има негативно влијание врз вашето дете, само запрашајте се, како поминаа во живтот оние „кул“ деца од вашата генерација?
Научниците веруваат дека треба да се замислат само оние родители чии деца се меѓу најпопуларните на училиште.
Ако размислите подобро, овие популарни деца често одат на забави, започнуваат многу брзо со љубовни врски или се обидуваат некако да се помешаат во животот на луѓето околу нив.
Најновите студии набљудувале околу 180 адолесценти од средно училиште до 22-годишна возраст. Истражувањата покажале дека „кул“ децата не можат да се справат со животот кога ќе заврши средното училиште. Повеќето, заради стресот, затоа што ситуацијата околу нив се сменила, им подлегнуваат на дрогите или на некој облик на насилничко однесување. Сакајќи да станат уште повеќе „кул“, подготвени се да се дрогираат, да консумираат алкохол, итн.
Сепак, со текот на времето, нивната популарност се намалува како што созрева генерацијата.
Ова истражување треба да биде утеха за сите оние родители кои се грижат за своето дете кое во моментот не се вклопува најдобро во својата средина.
Наместо да стравуваме за нив, најдобро би било да ги советувате да работат на себе. Во моментот кога ќе дознаат кои се и што сакаат, ќе најдат луѓе слични на самите себе. И не мора тоа да бидат „кул клинци“, треба само да им бидат добри другари.
Фото: Unsplash