Не е добро за бебето да се јаде за двајца, особено на почеток од бременоста

Преголемиот пораст на килограмите може да го изложи фетусот на вишок од мајчино гориво како глукоза и аминокиселини влијаејќи на развојот и го зголемуваат ризикот од метаболички промени.

0
886

Жените кои добиваат повеќе на тежина на самиот почеток од бременоста имаат поголеми изгледи да родат невообичаено големи бебиња кои подоцна можат да бидат склони на низа здравствени проблеми, покажало новото истражување.

Но порастот на тежината после 18.недела од бременоста не бил во врска со големината на бебето при раѓањето, вели др.Рави Ретнакарн од болницата Маунт Синаи во Торонто, Онтарио, кој го водел истражувањето.

„Во бременоста сме многу фокусирани на добивањето на тежина и на трудниците тежината им се мери на секој преглед за да се види колку килограми добиле“, вели Ретнакаран.

„Порано не било јасно дали е важен моментот во кој се добива на тежина.“ Тешко е тоа да се проучува, додава тој, заради тоа што научниците типично се потпираат на тежината која трудницата ја навела како онаа која ја имала пред бременоста, а која можеби не е точна.

Во новото истражување објавено во списнаието JAMA Pediatrics, Ретнакаран вклучил 1164 неодамна венчани жени во регијата Лиујанг во Кина мерејќи ја нивната тежина пред да забременат и во интервали од текот на бременоста. Просечно, тежината на жените била мерена 20 недели пред да забременат. Добивањето на тежина на мајката до 14.недела од бременоста и од 14. до 18. недела било поврзано со родилната тежина на бебето.

Просечно, за секој килограм што жената го добила во раната бременост, родилната тежина на бебето раснела за 13,6 грама. За секој килограм кој го добила од 14. до 18. недела од бременоста родилната тежина на бебето раснела за 26,1 грам. Добивањето на тежина после 18.недела не било во корелација со родилната тежина на новороденчето.

Во раните фази на бременост фетусот расте бавно па добивањето на тежина се однесува главно на мајчиното тело. Преголемиот пораст на килограмите може да го изложи фетусот на вишок на мајчино гориво како глукозата и аминокиселините, влијаејќи на развојот и го сголемуваат ризикот од метаболички промени.

Обидите да се намали ризикот од раѓање на големо бебе под влијание на исхраната и телесната активност не биле успешни, вели Ретнакаран и тоа заради тоа што се почнува предоцна за да донесе резултати.

[better-ads type='banner' banner='999' ]