Не го терајте детето да јаде – ќе јаде кога ќе огладне

Честопати, со најдобра намера, родителите можат да направат големи грешки во воспитувањето на своите деца.

0
118

Секој родител го сака само најдоброто за своето дете, но дури и најдобрите родители прават пет вообичаени грешки кога станува збор за воспитување на деца. Прочитајте подолу за најчестите грешки што ги прават.

  1. Го тераме детето да јаде

Во принцип, детето треба да јаде кога е гладно, а денешните деца не го знаат чувството на глад. Најчестите виновници за ова се грицките и соковите кои го намалуваат апетитот кај децата. Важно е да го научите детето да чувствува глад, а потоа ќе јаде со задоволство.

 

2. Го занемаруваме детето

Иако многу мајки велат дека не го занемаруваат своето дете, запомнете како се однесувавте со вашето дете последниот пат кога разговаравте по телефон, а детето постојано ве викаше. Го игнориравте, а веројатно и му свикавте. Кога го игнорираме детето, од него создаваме личност која подоцна ќе не игнорира нас. Ако вашето дете ве вика, а вие не можете веднаш да дојдете, кажете му дека го слушнавте и да почека некоја минутка.
Ако сте зафатени, покажете му внимание на друг начин, но не го занемарувајте.

3. Го брзаме детето

Ова е многу честа појава наутро кога родителите се подготвуваат за работа, а децата се подготвуваат за градинка или училиште. Брзањето на детето само ќе го збуни и ќе го забави уште повеќе. Потоа почнуваме да викаме и да го расипуваме и своето и расположението на детето. Ако детето расте под стрес, станува отсутно и не може да го заврши она што го започнало. Научете се прво себеси да не брзате, а потоа и вашето дете. Организирајте го вашето време правилно, земајќи ги предвид карактеристиките на вашето дете.

4. Ги караме своите деца

Родителите често ги караат своите деца со најдобра намера, бидејќи сакаат да им дадат до знаење дека прават нешто погрешно. Меѓутоа, дали некогаш сте се запрашале дали со тоа влијаеме да се промени однесувањето на детето?

Одговорот е главно – не. Не треба да го караме детето, туку треба да го преориентираме неговото однесување. На пример, ако детето ги гризе ноктите, наместо да го карате, кажете му да ги стави рацете во џебовите. Детето ќе престане да ги гризе ноктите, а потребата да го карате ќе исчезне.

5. Прекумерна контрола

Наша задача е да го научиме детето да биде независно, да го научиме на самоконтрола и самопослужување. Ако секогаш се обидуваме да контролираме сe и правиме се за нив, тие секогаш ќе мислат дека ние секогаш ќе го правиме тоа. Дајте му на детето шанса да стане независно.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]