– Постои едно правило до кое се обидував да се придржувам додека децата ми беа мали, а тоа гласи: „Не го прави наместо детето, она што може да го направи самото“, вели д-р Џордан Б Петерсон, клинички психолог, професор по психологија на Универзитетот во Торонто.
Tоа правило е навистина заморно затоа што ни се потребни 15 секунди да облечеме двегодипно дете, но ако го пуштите само да се облекува…тоа ќе трае барем 15 минути или половина час, ги бркате низ куќа…хаос! Но ако им дозволите да научат да се облекуваат сами, повеќе не морате да ги облекувате. Тие ќе научат да го прават тоа сами! Истото го правите и со поставувањето на масата, со сѐ што ќе процените дека децата можат да направат и сами.
Кога родителот размислува „Јас толку го сакам своето дете што нема да му дадам да се мачи и ќе правам сѐ наместо него“, таквиот родител не се грижи за своето дете. Не се грижи воопшто. Подобро е да се усвои ставот: „Ќе престанам да правам сѐ за тебе колку што е можно поскоро, колку што е можно повеќе работи“.
Истиот принцип важи и во домовите за стари – не правете ништо наместо постарите што тие самите не се во состојба да го направат, затоа што со тоа им го ускратувате чувството за независност, сила и смисол. Исто е и во светот на бизнисот – доколку сте добар менаџер, себеси ќе се направите висшок, ќе им дадете на другите автономија да си ја работат својата работа, нема да работите наместо нив.
Доколку мислите дека ги штитите децата преземајќи сѐ на себе, знајте дека никого не можеме да заштитиме – луѓето само можеме да ги зајакнеме. И тоа е тоа. Не можете да ги заштитите, зајакнете ги, и потоа тие ќе се чуваат самите. Но, тогаш не сте им потребни. Така е, и тоа е потсвесен патолошки елемент на некои родители. Тие како да порачуваат: „Никогаш не ме напуштај! Јас ќе правам сѐ наместо тебе, а ти само немој никогаш да ме напуштит“. Затоа што детето тогаш нема да научи ништо за животот – па ни тоа како да си замине од родителското гнездо.
За новороденчето треба стопроцентно да се грижиме, тоа и го правиме. Но децата и возрасните луѓе не се новороденчиња, кога ги третирате така, вие ги уништувате“.
Фото: rawpixel.com from Pexels