Постои едно правило што се обидував да го следам кога моите деца беа мали, а тоа е: „Не го правете за детето она што може да го направи само“.
Ова се зборовите на психологот и професор по психологија на Универзитетот во Торонто, д-р. Џордан Б. Петерсон.
„Родителите кои велат дека го сакаат своето дете толку многу што прават сè за него и не му дозволуваат да се мачи, всушност не се грижат за своето дете“, истакнува тој.
Овој психолог вели дека е многу подобро да престанете да правите сè за детето што е можно поскоро.
Истиот принцип важи и за домовите за стари и за изнемоштени лица. Не правете ништо наместо старите што тие не се во можност да го направат самостојно затоа што тоа ги лишува од чувството на независност, сила и смисол. Исто е и во деловниот свет – ако сте добар шеф или лидер, ќе им дадете на другите автономија да ја вршат својата работа, нема да работите за нив затоа што тогаш колективот го губи смисолот“, објаснува д-р Петерсон.
Неговата водечка мисла е дека децата треба да ги зајакнете затоа што тогаш ќе бидат способни да се заштитат себеси.
„Детето никогаш нема да научи ништо за животот ако правите сé за него, а кога ќе биде доволно старо за да го напушти родителското гнездо, тоа нема да се снаоѓа во независното живеење и ќе талка. За бебето треба да се грижите безусловно, а родителите тоа и го прават, но децата и возрасните луѓе не се бебиња и кога ќе се однесувате така, вие ги уништувате и нив и нивниот раст и развој. Создавате личност која ќе мора да зависи од некого во иднина, во спротивно ќе пропадне“, заклучува д-р. Петерсон на оваа тема.
Фото: Unsplash