Не ги штитете децата од домашни обврски!

Ако наеднаш, кога ќе наполнат 15 години, се сетите да ги вклучите своите деца во извршувањето на домашните обврски, односно, ако дотогаш не создале работни навики, сосема сигурно ќе протестираат, а би можело да заврши и такашто вие нема да сакате понатаму да се расправате, па повторно сѐ ќе завршите сами.

0
289

Учеството во извршувањето на задачите во домот создава најдобри работни навики, а токму тие им недостасуваат на децата кога ќе пораснат. Односно, недостатокот на работни навики станува видлив уште во училиште клупи.

Секако, домашните обврски би требало да бидат прилагодени кон возраста на детето, па така на пример, на четиригодишник сигурно дека нема да му дозволите да коси трева, но секогаш можете да го вклучите во составувањето на листата за купување, во чистењето или во средувањето на неговите играчки.

Како што ќе растат така и нивните задачи ќе стануваат сѐ посложени. Но така многу полесно ќе ги прифаќаат, отколку ако наеднаш, кога ќе наполнат 15 години, се сетите да ги вклучите и потоа очекувате да учествуваат без поговор. На таа возраст, ако дотогаш не создале работни навики, сосема сигурно ќе протестираат, а би можело да заврши и така што вие нема да сакате понатаму да се расправате, па повторно сѐ ќе завршите сами. За да избегнете вакво сценарио, вклучете ги децата кога ќе сфатите дека се способни за тоа.

Ако и понатаму не гледате кои се предностите за нивното учество во извршувањето на домашните работи, во продолжение ви откриваме кои вештни вашето дете ќе ги развие помагајќи ви во секојдневните активности:

Самостојност и грижа за себе

Веројатно не сакате да се грижите дали детето ќе има чиста и испеглана облека или пак за тоа што ќе јаде на работа, и кога ќе наполни 30 години.

Можете да почнете со задачи како што се раскревање на играчките после играње, а подоцна нека ви помага во средувањето на чистата облека во плакарот и така сѐ додека не дојдете до поконкретни работи како што е приготвувањето на оброци.

Самодоверба

Пред децата треба да се поставуваат предизвици. Кога ќе ги завршат, и самите ќе бидете горди на себе. Така давањето задачи прилагодени кон годините на детето може да го развие чувството на самодоверба кај него. Но треба да знаете дека самодоверба не се развива преку ноќ.

Исто така, немојте бурно да реагирате ако некогаш згрешат и на крајот ако повеќе ви одмагаат отколку што ви помагаат. Сетете се дека тие учат нови вештини и грешките притоа се сосема нормални.

Одговорност

Никогаш не е премногу рано за учење на детето на причинско-последични врски. Домашните работи ќе го научат да преземе одговорност, но и да ги преземе заслугите по успешно извршената задача.

Многу брзо ќе сфати дека секоја одлука има свои добри и лоши последици, а наскоро ќе сфати дека така функционира и сѐ друго во животот.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]