Не ги учи своите деца да споделуваат и да се извинуваат, ниту пак…

Мајка на четири деца тврди дека своите деца не ги тера ниту да пишуваат домашни задачи, да јадат нешто што не сакаат или ако не се гладни, им дозволува сами да одберат што ќе облечат, не ги принудува да гушнат или да бакнат некој од семејството ако самите не сакаат и не ги казнува

0
502

Џесика Офер е мајка на четири деца. Таа имала идеја како треба да изгледа одгледувањето дете и совршениот родител, но сè се сменило кога и самата станала мајка.

Свесна е дека многумина ќе го толкуваат нејзиниот стил како контроверзен, но таа зборува отворено за тоа.

„Мислам дека навистина не е фер ако некое од моите деца убаво си игра, да му дојде друго дете и да го тера да ја споделат играчката“, рекла Џесика за Kidspot.

Како што вели, таа одгледува четири индивидуалци, и не мора секој да ужива во споделувањето, такашто не ги присилува да го прават тоа. Таа разбира дека чекањето е понекогаш тешко за децата, но верува дека тоа е дел од животот и дека нејзините ќерки така усвојуваат важна лекција за трпеливост.

Таа дури и не ги присилува децата да се извинуваат една на друга затоа што не верува дека е можно да се научат децата на емпатија.

„Да, тие велат дека им е жал кога прават нешто со што се повредуваат едни со други, но само ако сакаат“, додава таа.

Друга работа што не е задолжителна во нејзиниот дом е пишувањето домашни работи.

„Мислам дека шест часа учење е доволно и дека домашните задачи се последното нешто што им треба на децата кога ќе се вратат од училиште. Читаме приказни секоја вечер и треба да ги научиме децата да прават разлика помеѓу доброто и злото “, објаснува оваа мајка.

Ретко применува казна и се обидува да ги научи децата дека нивните постапки имаат природни последици што ќе дојдат сами.

Таа им дозволува на своите деца да облекуваат што сакаат и не ги принудува да јадат храна што не ја сакаат. Инаку, од нејзините четири девојчиња, на три им е дијагностициран аутизам.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]