Двегодишното девојче Сара Алвес де Албакерки починало од струен удар откако го допрело полначот за мобилен телефон. Девојчето од градот Ерере во североисточен Бразил било итно пренесено во болница, но за жал не било спасено, пренесува британски „Сан“.
Полицијата ја продолжува истрагата за смртта на детето, но во извештаите не е наведена марка на телефонот, ниту дали се работи за полнач од познат производител.
Тоа е најновото во серијата слични смртоносни струјни удари. Само минатата година, Бразил забележал 355 смртни случаи од струен удар, а слична смрт се случила и во Тајланд во 2019 година, кога Китисак Мункити (28) бил пронајден мртов со траги од изгореници на раката и подлактицата додека се уште го држел во рака својот црн андроид смартфон кој бил вклучен на полнење.
Фото: Pixabay