Родителите кои им забрануваат на децата играње во кал, песок или во друга нечистотија за нешто од сето ова да не им дојде во устата, всушност им одмагаат во изградбата на добар имунитет, открило истражувањето на Универзитетот „Corner“.
Детето кое си игра во нечистотија и повремено ја внесува во уста на овој начин всушност му е од корист на желудникот затоа што создава „штит“ од паразити, токсини и патогени.
Иако лекарите сугерираат дека детето не би требало да има пракса на јадење на земја, нејзиното повремено внесување во организмот, ќе му го обезбеди потребното ниво на железо, цинк и калциум.
Фото: Pixabey