Непристоен Дедо Мраз ја прашал мајката на глуво момче дали може да го „среди“ со операција (ВИДЕО)

Инцидентот се случил кога Бриџит го однела својот петгодишен глув син Картер да го види Дедо Мраз.

0
189

Дедо Мраз од трговски центар во Нов Зеланд го разбесни интернетот откако ја прашал мајката на глуво дете дали може да му го „поправи“ слухот.

„Ја задржав насмевката на моето лице, но сакав да побегнам што е можно поскоро“, напишала мајката на момчето, Бриџит Фергусон во описот на снимката што ја објави на Фејсбук.

Инцидентот се случил кога Бриџит го однела својот син Картер (5) да го види Дедо Мраз. Момчето е глуво и комуницира на знаковен јазик. Тој седна на стол до Дедо Мраз, а мајка му на знаковен јазик го праша што би сакал за Божиќ. Нестрпливото момче одговорило дека сака фигура од златен Ајрон мен, на што Дедо Мраз одговорил: „А?“ Бриџит потоа му го превела она што го кажал нејзиниот син.

Збунет, Дедо Мраз се врти кон мајката и ја прашува: „Не можете ништо да направите? Дали операцијата може да му помогне?

Мајката одговара: „Не, нема потреба од тоа“.

Очигледно не сфаќајќи, Дедо Мраз го повторува прашањето: „Нема ништо што можете да направите за да го поправите?

„Нема што да се поправа, имаме знаковен јазик“, накратко објаснила Бриџит.

Клипот завршува така што Дедо Мраз зема подарок од купот и му го дава на Картер кој му се заблагодарува и заминува со мајка му.

Бриџит признава дека е непријатно да одговара на вакви прашања пред нејзиниот син.

„Дојдовме таму да разговараме за неговите божиќни желби“, додава таа.

[better-ads type='banner' banner='999' ]