Необичен тренд: Торти за прослава на вазектомија

Торти се јадат за родендени, венчавки, па дури и за разводи, за дипломски работи, за одење во пензија, па зошто да не и за вазектомија?!

0
540

Сѐ повеќе двојки во светот купуваат торти, и тоа дизајнирани специјално за оваа пригода, за да ја прослават вазектомијата, која е засега единствен сигурен облик на машка контрацепција. Со машката стерилизација всушност, се подврзуваат семеводите кај мажот и на тој начин се оневозможува патот на сперматозоидите надвор од тестисите. Оваа операција е трајна, па треба да се направи само во случај кога мажот е сигурен дека не сака да има повеќе деца.

Како и да е, изгледа дека во светот оние родители кои се одлучуваат на овој чекор, сметаат дека заслужува потегот да се прослави со торта.

Така, една жена на својот сопруг воочи одењето на вазектомија му организирала вистинска забава. Целото семејство носело пригодни маици, а на масата се нашла и торта.

На Инстаграм може да се најдат многу торти со сличен дизајн заради што е повеќе од очигледно дека ваквите торти станале вистински тренд.

Фото: Инстаграм, Пинтерест

[better-ads type='banner' banner='999' ]