Нема станување од маса додека не изедеш сѐ!

Дали ја памтите оваа наредба од вашето детство? Дали продолживте да ја употребувате и со своите деца?

0
298

Кои ваши емоции од детството се поврзани со храната? Што е со мирисите и вкусовите, имате ли повеќе убави искуства или оние помалку убави?

Честопати ние, родителите,, поради желбата да си ги нахраниме децата, освен на нашата одговорност за тоа што, кога и каде да се јаде, забораваме дека имаме и уште една битна одговорност, а тоа е, да развиеме кај нив здрав однос кон храната.

Негативен став кон одредена храна може да се усвои и заради негативните емоции кои настануваат на трпезата.

Родителите најмногу влијаат на формирање на прехранбените и животни навики на своите деца.

Најчесто ги тераме да консумираат одредени намирници за кои ќе процениме дека не ги јадат доволно, или им забрануваме намиирници за кои мислиме дека не се добри за нив. И двата начини даваат спротивни резултати од очекуваното. Она што им го забрануваме, го сакаат уште повеќе, а намирниците кои ги молиме да ги јадат, често доспеваат на нивната црна листа, па тие повеќе не сакаат ниту да ги видат. Затоа, битно е да се освестиме во што грешиме и да ги препознаеме нездравите пораки што им ги испраќаме за да развиеме кај нив здрави ставови и навики.

Да престанеме да ја етикетираме храната како добра и лоша

Постојат добри прехранбени навики за кои треба да ги учиме децата и лоши прехранбени навики кои треба да ги избегнуваме. Храната е само храна!

Треба да престанеме да им зборуваме „не го јади тоа, тоа е лошо“ или уште поекстремно: „тоа е ѓубре“, таа моќ на зборовите се проектира и на нашите чувства. Кога јадеме храна која е етикетирана како „лоша“ – се чувствуваме лошо.

Чувството на грижа на совест по јадењето не е нешто што сакаме да го поттикнуваме.

Мораш да јадеш зеленчук и овошје! Присилувањето ретко кога ги носи очекуваите резултати. Најчесто ќе создадете спротивен ефект, односно, детето може трајно да замрази некоја намирница ако го присилувате да ја консумира. Можеби и вие се сеќавате на некоја ваша „лекција“ за храна од детството која завршила такашто и ден денеска не можете да смислите некоја намирница?

„Нема да станеш од маса додека не ја испразниш чинијата!“ Дали и вам некој ви го кажувал ова и дали вие истто му го правите и на своето дете?

Барањето да изеде сѐ што му е понудено, е поврзан со намалената осетливост на телесните сигнали за ситост затоа што се нарушува саморегулацијата на детето. Тоа треба да научи што е саморегулација, кога е сито, гладно и колку треба да изеде. Детети учи да „управува со себеси“ и почнува да стекнува контрола на однесување, емоции и мисли кои се нужни за здраво функционирање во текот на животот.

Позитивен пример

Понекогаш забораваме дека децата имаат значително помал капацитет на желудникот од возрасните.

Дозволете им на децата да му веруваат на своето тело. Кога детето ќе ви каже: „Не можам веќе“, наместо да му наредите да изеде сѐ, прашајте го: „Дали ти е стомачето полно?, не му се јаде повеќе?“

Покажете им позитивен пример и тие ќе ве следат. Не можете да очекувате децата да јадат овошје и зеленчук, ако вие сами не ги јадете.

И во ред е да им дозволите полека да учат како да засакаат некоја намирница. Без присилување и без казни.

Само со правилна и рановидна исхрана организмот на нашето дете расте здраво и без последици на здравјето во возрастното доба. Нудете им секојдневно овошје, зеленчук, некои нови јадења. Ако некој зеленчук не го сакаат, подметнете им го во крем супа, во некој сос,  пробајте да им оставите во наследство здрав однос кон храната и кон своето тело.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]