Нема веќе цели приспивни ритуали, уреден дом, секојдневно капење,…

Ќе го исфрлам заспивањето на децата во 20 чекори, ќе си дозволам да го изгубам трпението и повеќе би сакала да имам малку неуреден дом отколку да бидам слугинка, пишува една мајка за Хафингтон пост.

0
309

Еве список оd седум работи што мајките ги прават, a јас повеќе нема да ги правам:

1. Секојдневно капење на децата

Освен ако не се тркалале во кал, не им треба секојдневно капење. Во текот на летото, има пот, песок и остатоци од кремата за сончање, но во зима, секојдневното капење само ја суши детската кожа и предизвикува осип на чувствителната кожа. Капењето двапати неделно е сосема доволно и ќе ме поштеди од секојдневен боречки меч со лизгаво, поспано дете.

2. Комплицирана процедура за заспивање

Сите ни рекоа дека мора да воспоставиме рутина пред спиење што вклучува капење, масажа, слаби светла за време на доењето, што вкупно трае еден час. Сега нашето дете има четири години, а во меѓувреме, во рутината пред спиење се сместија и: 1) пеење песна; 2) читање три книги; 3) слушање песничка за возот; 4) шизење; 5) играње игра што ја измислил тато; 6) борење за добра ноќ; 7) миење заби: 8) играње „бурито“, кадешто ќе го завиткаме во ќебе и ќе го одвикаме како палачинка; 9) изговарање молитва; 10) десетици бакнежи и прегратки по одреден редослед што треба да ги повториме ако збркаме нешто; 11) уште една чаша вода; 12) уште едно мочкање; 13) уште една чаша вода. Рутината започнува во три попладне. Планирам да исфрлам сè освен миење заби и кратка приказна пред спиење.

3. Купување органска храна

Последните пет години ги поминав во самопослуга размислувајќи дали да потрошам четири пати повеќе пари на органско јаболко или да купам обично. На крајот, не би купила ништо. Повеќе нема да се грижам за тоа. Подобро е да купувам овошје и зеленчук отколку да не ги купувам воопшто само затоа што не можам да си дозволам органско.

4. Принудување на децата да јадат зеленчук

Првото дете го теравме да изеде одреден број залчиња зеленчук пред да добие десерт. Ова доведе до бесконечни дебати за тоа колкава количина на храна на вилушката се смета за „залак“. Повеќе немам трпеливост со другото дете да разговарам дали допирањето брокула со јазик се смета за залак.

5. Бесконечно трпение

Јас навистина се обидувам да се контролирам. Но, понекогаш, едно дете не престанува да го притиска копчето на неговата музичка играчка, sвони телефонот и не можам да го најдам, овесната каша загорува, а другото дете ја вежба својата вештина да поставува прашања со едвај чуен глас. И тогаш ќе пукнам. Не е ништо страшно – не е добро за децата да бидете бесконечно трпеливи, бидејќи светот не е таков. Сите нормални луѓе понекогаш губат нерви и добро е децата да го знаат тоа.

6. Совршено одржување на домаќинството

Една пријателка неодамна рече „Само да знаев дека да станеш мајка значи да станеш чистачка“ и тоа е вистина. Ја чистам кујната четири пати на ден. Ја гребам нечистотијата од подот со ноктите. Ги спарувам чорапите. Но, сега почнувам да станувам мрзлива – делумно затоа што не сакам да чистам, а делумно затоа што сакам тие самите да почнат да го прават тоа. Очекувам сами да си ги соберат своите играчки, да ја здиплат облеката, да учествуваат во неделното чиистење со правосмукалка и бришење прашина. Јас би го сторила тоа побрзо самата, но не сакам да се чувствувам како слугинка. Подобро е да бидеме малку неуредни, па со тек на време ќе научат дека секојдневните мали напори се подобри за одржување на домаќинството, отколку големите сезонски расчистувања.

7. Поминување на целиот викенд со децата

Она што најмногу ми недостасува од животот пред децата е време за себе, дома, во мир. Значи, почнуваме со праксата двајцата да добиеме четири часа неделно без деца и обврски, од 8 часот наутро до пладне. Другиот родител ги вади децата од дома. Јас веќе се радувам на тоа!

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]