Неколку реченици заради кои се чувствував како најлоша мајка

Мајката на три деца Мелиса Вилетс објаснила што ѝ пречело најмногу додека ги хранела децата со адаптитано млеко. Објаснила како се чувствува и кои прашања и коментари најмногу ја повредиле.

0
201

Многу мајки не ги дојат своите деца, најчесто затоа што не можат, а често околината ги осудува поради тоа. Постојат некои реченици кои тогаш често мораат да ги слушаат, како и прашања за доењето кои сигурно не салаат да ги слушнат.

Мајката на три деца Мелиса Вилетс, колумнистка на порталот Parents.com објаснила што ѝ пречело најмногу додека ги хранела децата со адаптитано млеко, ги споделила со читателите своите размислувања, објаснила како се чувствувала, кои прашања и коментари најмногу ги повредиле.

1. Зарем не знаеш дека мајчиното млеко е најдобро за детето?

Да, секако, сите знаеме дека е доењето најдобро за детето, нешто како појас за врзување во автомобил. Но што ако е вашиот автомобил уништен, дали ќе го оставите своето дете во тој автомобил и ќе заминете? Или ќе го земете своето дете и ќе отидете по помош, за да бидете безбедни. Токму тоа го направив јас кога одлучив како ќе го хранам своето дете. Верувајте, тоа се случи после многу размислување и немир.

2. Зошто не доиш?

Мајката наведува дека ова непријатно прашање често го слушала од многу луѓе и од непознати луѓе. Та прашање е целосно непримерено и лично.

3. Доењето кај мене беше толку природно

Пријателкте и сосетките кои ме гледаа со шипе во раката веднаш сакаа да г споделат своите искуства за диењето. И секогаш тоа било за нив едноставно. И тоа е одлично, тоа е нивно искуство. Им благодарам што се чувствував како да сум единствена мајка на која доењето не ѝ одело.

4. Детето хрането со шише и мајката потешко се поврзуваат

Секако, доењето овозможува мајката да се поврзе со новороденчето. Но ве уверувам дека галењето со моето слатко бебе, вдишувањето на нејзниот прекрасен мирис, неговите слатки звуци, можат да создадат најдлабоки врски. Фала на прашањето, добри сме.

  1. Хранењето со шише е поедноставно

Зарем навистина некој мисли дека го избрав хранењето со шише затоа што сакав животот да ми биде ппоедноставен? Всушност, ништо не е едноставно кога имаш бебе, од бессоните ноќи до тоа што телото ми изгледа како да сум вонземјанин. Ве уверувам дека јас не го храам свпето дете со адаптирано млеко само за да поминам поеноставно низ мајчинството. Впрочем, не бевте вие покрај мене додека плачев затоа што не можев да го дојам своето бебе. Не бевте присутни ни кога реков дека се чувствувам како најлоша мајка на светот затоа што го хранам своето дете со адаптирано млеко.

И додека бев будна цела ноќ затоа што морав да одлучам дали ќе продолжам да дојам или ќе користам адаптирано млеко. И како на крајот се чувствував доволно силно да го направам она што е најдобро за бебето и за мене Простете, но вие не разбирате.

6. Барем ќе си ги спасиш градите

Секако, повторно најдовте причина зошто го хранам детето со адаптирано млеко. Можам да ви кажам со сигурност дека моите гради засекогаш се сменија кога се наполнија со млеко, прво ба многу тврди, а сега, кога млекото го снема, изгледаат поразувачки.

7. Без зборови, само поглед со гадење

Уште не можам да сфатам зошто луѓето мислат дека треба да им е гајле како јас ќе го хранам своето дете. Ова е мое дете. Зачувајте ги лутите погледи за луѓето кои пишуваат пораки возејќи автомобил.

8. Не доиш? Зошто не ми се јави мене?

Најсериозно, луѓето често ми го велат ова, зошто не сум ги прашала за мислење кога сум престанала да дојам. Се извинувам, жал ми е што не сме се сретнале на забавата на соседот неколку улици подолу, не знаев дека сме толку блиски за да можеме да разговараме за очајот што го чувствував затоа што не можев да го дојам своето дете.

9.Доените бебиња се поздрави и попаметни

Постојат бројни студии кои ги докажуваат предностите на доењето. Но неодамнешна студија покажала дека и многу други фактори влијаат на здравјето на детето освен доењето.

10. Знаеш ли всушност со што го  храниш своето дете?

Знам да читам, ако баш сакате нешто да докажете. Би сакала да можам на своето дете да му давам најчиста органска храна до крајот на нејзиниот живот. Но стварноста е таква што го правам најдоброто што можам. Јас го сакам своето бебе, зата не треба да се грижите за него.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]