Проблемот со упорен запек кај бебињата е особено тешко да се реши со оглед на малиот спектар на додатоци во исхраната кои можат да го решат тоа.
Констипацијата или запекот, многу тврда и сува столица е многу честа и кај бебињата и кај децата, но исто така е крајно непријатна бидејќи во текот на празнењето на цревото детето плаче, силно се напнува и има екстремно тврда столица што може да содржи дури и траги од крв.
Најчесто се јавува кај бебиња кои пијат адаптирано млеко затоа што од млечните формули остануваат повеќе остатоци во цревата, кои понатаму создаваат проблеми во цревниот систем. Ако бебето има чест запек од млечната формула, потребно е да ја смените. Една од причините за запек може да биде дехидрираност, кога детето пие малку течност во текот на денот. Причината може да биде и воведување на нова храна.
Одличен лек за овој проблем е водата со суво грозје, особено за помалите бебиња стари само неколку месеци
Рецепт за подготовка:
Органското суво грозје не содржи сулфур диоксид, затоа е идеално за правење препарат што ќе го реши проблемот со запек. За овој препарат не се користи светло, жолтеникаво суво грозје, бидејќи неговата боја е токму резултат од третманот на прскање на ова овошје, односно прскање со сулфур диоксид или, во најдобар случај, од кршење на правилата за сушење.
Квалитетното, органско суво грозје без хемија е без сјај, збрчкано, не е премногу меко, но не е ни тврдо. Зрната мора да бидат зачувани, неоштетени. Доброто суво грозје мора да има темнокафеава или кафеава боја, ако е сорта на светло грозје. Можете исто така да користите црно суво грозје со синкава нијанса, кое се добива од сорти на темно грозје. Идеално е ако можете да најдете суво грозје со остатоци од петелки, што е точно еден од главните показатели за природноста на сувото грозје.
Добро измијте го сувото грозје и прелијте го со 200 милилитри врела вода и оставете го преку ноќ. Следниот ден изблендирајте заедно со таа вода, процедете преку двојна газа и дајте му на бебето.
Вода со суво грозје се дава на бебиња со помош на сад со инка. Ставете го бебето во лежечка положба во вашиот скут, а потоа подигнете му ја малку главата. Ставете му го горниот дел од садот во аголот на усните и истурете малку. Бебето најверојатно ќе плаче, па затоа се препорачува нежно да му ги смирите рачињата при хранењето. Секогаш користете слатко суво грозје од органско потекло, претходно добро измијте го, а количината на суво грозје зависи од возраста на бебето.
Ова може да го давате 2 до 3 дена еднаш на ден, по можност наутро на празен стомак или додека не се елиминира запекот. За бебиња на возраст од 3 до 4 месеци, за подготовка на лекот се користи една лажица суво грозје, а за бебиња постари од 7 месеци, две лажици.
Фото: Freepik