Веројатно веќе знаете многу за придобивките од доењето, но и за различните проблеми што можат да се појават. Веројатно сте прочитале многу дискусии кои често се водат на социјалните мрежи за доењето во јавност, за продолженото доење или за неможноста за доење.
Најдовме неколку интересни факти за доењето и мајчиното млеко за кои можеби сè уште не сте чуле, но ако доите, сте можеле веќе и сами да ги искусите.
1. Инстинкт на цицачи
Иако почетокот може да биде тежок и за мајката и за бебето, сепак, доењето е инстинктивно. Здраво бебе, ставено на градите на мајката со контакт кожа-кожа веднаш по раѓањето, може да ползи до градите и само да започне да цица во првиот час од својот живот надвор од матката.
2. Дупчето низ кое излегува млеко
Тоа всушност не е само една дупче. Постојат неколку дупчиња во брадавицата на жената преку кои излегува млеко, а нивниот број варира од жена до жена.
3. Девојче или момче?
Составот на мајчиното млеко се прилагодува на потребите на доенчето, во зависност од неговата возраст, температура и така натаму, а научно е докажано дека има разлика во однос на полот на детето. Млекото на мајките на момчињата е калорично и содржи повеќе маснотии и протеини отколку млекото наменето за девојчиња. Момчињата добиваат повеќе маснотии и калории од мајчиното млеко отколку девојчињата
4. Вкусот на млекото – секогаш нешто ново
Можеби ви се чини дека истата храна постојано, станува здодевна, но со мајчиното млеко не е така. Доеното бебе всушност учи различни вкусови преку млекото, во зависност од храната што ја јаде мама. На овој начин, тоа исто така се подготвува за вкусовите на цврстата храна, која наскоро ќе започне да ја јаде.
5. Млекото како лек
Мајчиното млеко има лековити својства, затоа многу експерти препорачуваат мајките по доењето, наместо со крем, да ги премачкуваат своите брадавици со своето млеко. помеѓу мајките се пренесуваат искуствата за лекување на полесни повреди, воспаление на очите или инфекции на ушите со неколку капки млеко.
6. Лева или десна дојка?
Левата и десната дојка генерално не се идентични по големина и се покажа дека се разликуваат по количината на произведено млеко. Кај околу 75 проценти од жените, десната града е доминантна и во неа се произведува повеќе млеко, без оглед дали жената е деснак или левак.
7. Подобро од тренинг
Создавањето на млеко троши околу 1000 калории на ден, па затоа на мајките што дојат им се препорачува да го збогатуваат своето дневно мени со дополнителни 500 калории. Покрај тоа, мајката ќе продолжи да губи тежина затоа што телото ќе ги користи „резервите“ акумулирани за време на бременоста за да ги надомести преостанатите 500 калории.
8. Повеќе сон за сите
Мајчиното млеко содржи супстанции кои го смируваат и заспиваат бебето, а сличен ефект може да доживее и мајката. Млекото содржи мелатонин, благодарение на што бебето заспива побрзо и спие подолго, такашто, според едно истражување, родителите на бебето што цица спијат околу 45 минути повеќе секоја вечер, три месеци од раѓањето.
9. Бела љубовна напивка
За време на доењето се лачи и окситоцин, моќен хормон кој често се нарекува хормон на љубовта. Нормално е присутен во мозокот кога ќе се вљубиме, а повеќе се лачи за време на секс, бременост и породување. Поттикнува чувство на доверба и безбедност и е многу важно за создавање блискост помеѓу мајката и бебето.
10. Превенција од рак кај мајката и бебето
Доењето кај мајката го намалува ризикот од рак на дојка и рак на јајници, а колку подолго трае, толку е поголема придобивката. Кај жена која доела вкупно осум години, ризикот од рак на дојка се намалува до речиси 0%. Покрај тоа, самата девојка која е доена ќе има 25% помал ризик да добие рак на дојка за време на нејзиниот живот. Меѓу болестите за кои научно е докажано дека се поретки кај деца кои цицаат, покрај дијабетес, астма и дебелина, е и леукемијата.
Фото: Pixabay