Сузан Андерсон не успеала да го дочека доаѓањето во родилната сала. Добила породилни болки и заедно со сопругот Џозеф, тргнале со автомобил во болницата, но нетрпеливото бебе сакало да се роди што е можно поскоро.
Кога двојката од Флорида пристигнала во болницата, Сузан започна да се породува веднаш откако излегла од автомобилот. Сè е снимено од камерите на паркингот, па видеото излезе во јавноста. На видеото се гледа како Сузан се наведнува додека сопругот ја придржува, а бабицата го дочекува бебето во раце.
„Направивме еден чекор, а главата веќе излегуваше“, рекла бабицата која ѝ помогнала на Сузан.
Инаку, ова била втора бременост на Сузан. Пред неколку години, таа родила девојче кое сега добило помала сестричка, но овојпат сè поминало многу побрзо.
Фото: Јутјуб скриншот