Неверојатна приказна за единственото дете родено во контаминираната чернобилска зона

Денеска е здрава 19-годишна студентка на Украинскиот универзитет, а била приказна од насовната страница на сите весници, како прво и единствено бебе кое се родило и пораснало во близина на радиоактивната зона.

0
497

Маријка е единственото дете родено во контаминираната чернобилска зона, после нуклеарната експлозија во 1986.година.

Маријка, која наскоро ќе го прослави 20. роденден, студира во Киев кадешто ја пронашла екипата на Sunday Express. Кога е родена, во 1999 година, украинските власти се обиделе да го скријат нејзиното раѓање во семејството на чернобилските работници кои илегално живееле во зоната на евакуација од 30 километри.

Нејзините родители одбиле да ја напуштат зоната бидејќи властите не им понудиле алтернативно сместување. Нејзините родители биле жртви на малтретирање и обвинети дека ја „убиваат“ својата ќерка, пренесува британски Mirror.

Маријка пиела млеко од тамошните крави, кои се хранеле на чернобилските пасишта, и биле озрачени после нуклеарната експлозија, и јадела риба од загадената река Припјат.

Фото: Profimedia

Иако нејзината приказна не е обработена во актуелната серија за Чернобил, нејзината мајка вели дека луѓето во Украина веруваат дека е Марика симбол на Чернобилската ренесанса, божји знак кои тие го толкуваат како благослов дека животот повторно се враќа во таа област на духови.

Нејзината мајка Лидија Совенко била принудена да ги негира гласините за здравјето на нејзината ќерка.

„Ако луѓето мислат дека е мутант, или дека има две глави,  тие грешат“, рекла во едно интервју. Таа е прекрасно дете кое е апсолутно здраво колку што гледаме“.

Марика денеска вели дека не сака да го потенцира своето минато.

„Добра сум, работам, се издржувам самата и тоа е тоа!“, им рекла таа на медиумите. Нејзините пријатели тврдат дека е многу скромна личност, на која не ѝ е воопшто битно да биде единствена само по тоа што е родена во Чернобил пред 19 години.

[better-ads type='banner' banner='999' ]