Стручњаците со децении се обидуваат да докажат дека децата на кои не им се зборувало од самиот почеток, подоцна можат да страдаат од одредени говорни блокади и недостатоци, а сега тој шаблон се обиделе да го префрлат и на предвреме родените бебиња па откриле дека недостатокот на „разговор со возрасните“ делува на нивниот развој и на подоцнежните јазични способности.
Во студијата објавена во медицинското списание Pediatrics за ова зборувала др Бети Вохр од медицинското училиште на универзитетот Brown и лекар во болницата Providence R.I. Таа објаснила дека интензивната нега на новороденчињата на неонатологија подразбира изложеност на звуци од мониторите и останатите машини кои се наоѓаат таму, но не и на разговор на возрасните.
Таа и нејзиниот тим проучувале 36 предвремено родени бебиња кои се родени со тежина помала од 1 кг. Бебињата биле следени до 32.недела старост, односно, снимано е кои звуови ги опкружуваат бебињата.
Бебињата се повторно тестирани со наполнети 7 и 18 месеци, а резултатот бил прилично интересен. Имено, бебињата кои во текот на денот слушнале најмалку 100 зборови имале неспоредливо подобри јазички способности од бебињата на кои им се зборувало помалку.
Според оваа студија заклучено е дека секое зголемување над 100 нови зборови по час во 32 недели колку што биле следени бебињата, резултирало со 2 отато подобра јазична способност кај бебињата од 18 месеци, што е навистина феноменално откритие. Лекарите заклучуваат дека родителите чии бебиња лежат на неонаталниот оддел треба да се поттикнуваат и да се охрабруваат што повеќе да им зборуваат на своите бебиња.
Исто така, тие нагласуваат дека 100 дополнителни зборови по час не е воопшто тешко да се постигне, доволно е на бебињата да им пеете песнички, да им зборувате каков ви бил денот, да им раскажувате какви се вашите планови за иднината или едноставно да зборувате за времето. Исто се препорачува членовите на семејството да ги снимат своите гласови, приказни и песнички кои персоналот би можел да им ги пушта.
Лекарите во текот на истражувањето заклучиле дека бебињата посебно реагираат на мајчиниот глас, а тоа покажуваат резултатите кои велат дека бебињата на кои мајката им зборувала и била присутна, биле јазички поспособни. Самото присуство на мајката е многу важно. Исто така, лекарите нагласуваат дека се потребни уште многу истражувања за да се утврди точно што е тоа што позитивно влијае врз развојот на предвремено родените бебиња.
Родителите често имаат проблем со времето и не можат да поминуваат во болница толку време колку што би сакале, особено ако имаат дома уште едно или повеќе деца, но ова најново истражување покажува дека треба да се минува колку е можно повеќе време покрај предвремено роденото бебе во болницата.
Фото: Pixabay