На машките деца им треба повеќе нежност и емпатија отколку на девојчињата

Иако се верува дека синовите треба да се галат помалку и од нив треба да се очекува да бидат силни, невропсихологот Ален Шор тврди дека е точно токму спротивното.

0
434

Иако сме загазени длабоко во 21.век, верувањето дека машките деца треба од мали да ги воспитуваме поцврсто и натаму е длабоко вкоренето. И тоа не само на Балканот, туку и во остатокот од светот. Се верува дека синовите треба помалку да се галат и од нив да се очекува да бидат посилни, да не плачат, да бидат борбени и силни.

Сепак, науката вели поинаку, всушност, спротивно од ова. Неодамнешната студија октрила дека момченцата, во првите години од својот живот, треба да бидат третирани со повеќе нежност и емпатија отколку што им е тоа потребно на девојчињата.

Познатиот невропсихолог Ален Шор го претставил новото истражување кое докажува дека десната хемисфера од мозокот се развива побавно кај момчињата, отколку кај девојчињата. Што значи тоа? Па, наједноставно кажано, момчињата се помалку чувствителни на звуците и на лицата кои ги опкружуваат, што може да ги направи „потешки“ за чување. За нив е потешко да го толерираат стресот и се помалку отпрони на невропсихијатриските пореметувања, како што е пореметувањето на вниманието, аутизмот…кои се манифестираат во раното детство.

Затоа, машките деца кои имаат построги мајки, кои се од мали воспитувани со цврста рака, без многу емоции, стануваат анксиозни, што потоа влијае на формирањето на неуронските врски во мозокот одговорни за самоконтрола и социјализација. Лекот за тоа е нежна, цврста врска помеѓу синот и родителите, заснивана на разбирање, исполнување на детските потреби за љубов и близина. Ова има огромно влијание на развојот на мозокот токму во првата година од животот.

4 совети на Ален Шор за родителите:

Не ги раздвојувајте синовите од мајките по раѓањето. Ова предизвикува огромен стрес кај сите деца, но за момчињата е тоа особено важно затоа што кај нив се забележува нагло растење на хормонот на стрес (кортизол). Ако се подолго раздвоени од мајката, па високото ниво на стрес се одржи извесно време, тоа може да има сериозно влијание на развојот на мозокот и на здравјето на детето.

Поминете го со својот син цело породилно отсуство или најмалку до првиот роденден. Во овој период се најранливи.

Не бидете строги кон нив, особено не во првата година од животот. Избегнувајте стрес, пристапувајте им со трпение, затоа што тие многу добро ги забележуваат негативните емоции. Не им забранувајте да плачат и не ги посрамувајте поради тоа. Не ги оставајте сами кога се расплакани, дури и ако се самите криви поради тоа. Тие тогаш страдаат и потребна им е потврда дека се вредни за љубов. Често галете ги, гушкајте ги и бакнувајте ги.

На малите момченца посебно негативно влијание можат да имаат надворешните токсини (на пример, фенолот). Кај нив тие можат да направат сериозен проблем токму во развојот на десната хемисфера. Иако можеби делува како параноја, но мораме да бидеме секогаш внимателни со сѐ што ги опкружува нашите деца.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]