Новото истражување објавено минатиот месец во списанието BMJ покажува дека нема доволно докази дека лековите со антихистаминици помагаат кај затнат нос, а кога е пациентот млад, тоа може да биде штетно. Освен тоа, The New York Times пишува дека лековите за кашлица всушност не им помагаат на децата помалку да кашлаат.
Згора на тоа, Consumer Affairs наведува дека такви лекови можат да доведат до несоница, поспаност, главоболка и надразнет желудник кај возрасните, додека кај децата, освен наведените нуспојави, можни се и хипертензии и конвулзии.
Педијатрите препорачуваат во целост да се избегнуваат лековите со антихистамин пред шестата година, а од 6.до 12.да ги употребуваат со големо внимание.
Кај кашлицата и симптомите на настинка се советува користење на парацетамол или ибупрофен во случај на температура и болки, како и инхалирање и испирање на носот со физиолошки раствор. Исклучително е важно и организмот да се хидрира со внесување на течности.
Consumer Affairs предупредува уште на некои третмани кои со истражувањата се покажале како нецелисходни: загреан воздух, ехинацеа, пробиотици и масло од еукалиптус. Во Америка се преземени конкретни чекори со кои родителите се предупредуваат да не им ги даваат таквите лекови на своите деца затоа што тие се поврзуваат со халуцинации, аритмија на срцето, намалување на свеста и други нуспојави.
Списанието The Times им препорачува на родителите да се обидат да препознаат дали станува збор за симптоми на обична настинка или пак телото сигнализира дека станува збор за нешто сериозно. На тоа може да укажува отежнатото дишење и високата температура, која е еден од симптомите на грипот.
Фото: Pixabay