На бебињата треба да им се дадат потенцијални алергени пред 6.месец

Американската академија за педијатрија објавила во март дека намирниците на кои се децата најчесто алергични, на бебињата треба да им се даваат полека пред навршени шест месеци.

0
288

Препораките на американската Академија за педијатрија се базирани на обемна англиска проспективна студија. Следен е развојот на повеќе илјади бебиња и утврдено е дека ако инкриминираните намирници кои се потенцијални предизвикувачи на алергии, како што се јајцата, рибите, житарките, сојата, путерот од кикирики, се воведат во исхраната од четрвтиот месец на бебето, ризикот за настанување на алергии е два ипол отсто.

Доколку воведувањето на овие намирници почне од шестиот или седмиот месец, веројатноста за појава на алергии е седум ипол отсто, истакнал српскиот гастроентеролог професор д-р Војислав Перишиќ.

„Старите педијатри, на пример, професор Чупиќ, воведувал јајца во исхраната на бебињата од навршени четири месеци. Неговото образложение било дека кој јаде жолчка, нема анемија. Овие студии всушност го потврдиле она што ние го знаевме и претходно, но бевме многу внимателни“, нагласува професор Перишиќ.

„Нашите педијатри користат светски статистики кои велат дека околу осум отсто од децата имаат проблем со алергиски реакции. Ако е детето на природна исхрана, а се воведуваат инкриминираните намирници во исхраната на бебињата од четвртиот месец, тогаш ризикот ќе биде помал. Ова единствео не важи за астмата“, додал Перишиќ.

Млекото, јајцата, рибата, житарките и кикириките, потоа црвеното овошје и зеленчук се најчестите намирници кои се инкриминирани како најголеми алергени. Но доколку нема податоци во семејството дека постоеле алергии, без никаков страв треба да се воведуваат во исхраната на бебињата уште од петиот месец, тврди гастроентерологот.

Видот и начинот на исхрана на мајката во текот на гравидитетот и доењето е всушност навикнување на бебето на храната која ќе ја консумира подоцна во животот. Тоа ќе има влијание само на формирањето на вкусот кај детето, но заблуда е дека има каква било врска со потенцијалниот развој на алергии, нагласува професорот.

Исхраната на бебињата со невкусни кашички од ориз, моркови и компири, кашиччки кои не се зачинети, им ја ускратуваат на децата можноста да развиваат вкусови.

„Му ускративме јајце и бела риба на бебе од пет месеци која покрај тоа што ќе влијае на мозокот и на структурата на нашиот нервен систем, на витаминскиот состав, му ускративме и вкусови. Му ускративме хранливи нутриенти и му ускративме развој на вкусовите“, нагласува Перишиќ.

Професорот препорачува дека намирниците кои се потенцијални алергени, се воведуваат постепено и одвоено.

„Најпрвин даваме само една намирница. Чекаме пет дена и доколку нема реакција, одиме на следната. Зеленчукот може повеќе да се комбинира затоа што се исклучително ретки алергиите на моркови, компири, тиквички, брокули, но со нивната употреба ги модулираме вкусовите со воведување на овие таканаречени, опасни намирници.

Тоа е комплекс на активности и не смееме да му пристапиме схоластички. Детето има право да го развива својот вкус“, заклучил Перишиќ.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]