Најчести тинејџерски лаги

Без оглед колку се стари децата се многу мудри и тактични кога станува збор за криење тајни на некои работи за кои не сакаат да дознаат нивните родители. За да бидете спремни на некои од најчестите детски лаги, во продолжение ви донесуваме некои од нив...

0
307

Ако детето е малтретирано на училиште, тешко дека ќе им каже на своите родители. Всушност, најчесто оние деца кои ги малтретираат и им се закануваат, такашто децата се плашат да им ја кажат вистината на своите родители. За да откриете дали вашето дете е малтретирано, ќе треба да обрнете внимание на знаците на насилство.

Ако вашата ќерка има дечко, тешко дека ќе ви го открие тоа. Заљубувањето и врските претежно се кријат од родителите, особено ако детето знае дека родителите никогаш не би го одобриле момчето кое го избрале.

Во денешно време, нелегалните дроги се многу популарни, и ретко кое дете не ги пробува. Ако вашето дете консумира нелегални дроги, вие како родител ќе бидете последни што ќе го дознаете тоа, или воопшто нема да знаете.

Тинејџерите никогаш не признаваат пред своите родители кога за прв пат имале секс. Дури и девојчињата можат да останат бремени, а да не им кажуваат на родителите сè додека не се забележи промената.

За журките ретко кој родител ќе знае. Не е познато зошто, но тинејџерите никогаш нема да кажат дека е на журка.

Ако тинејџерот пуши цигари, тој никогаш нема да им каже на своите родители, па обидот да го откријат тоа на кој било начин ќе биде залуден напор.

Тинејџерите обично одат кај другарите да учат или да си ја напишат домашната задача, а никогаш не одат да разговораат или да се забавуваат. Не се знае зошто, но тие исто така го кријат ова вешто и не сакаат да им ја кажуваат вистината на родителите.

Кога некое дете ќе добие слаба оценка или ќе падне на испит, ретко ќе им го признае  тоа на своите родители. Исто така, кога станува збор за домашна работа, детето скоро никогаш ја нема.

Родителите треба да им овозможат на своите деца да знаат дека се таму за нив и дека во секој момент можат да им се доверат. Важно е децата дабидат свесни дека секогаш можат да се потпрат на своите родители кои ќе им помогнат.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]