Според стручњаците, во периодот на адолесценцијата најмногу се чувствува генерацискиот јаз помеѓу децата и родителите. Токму во тој период тие и најмногу се оддалечуваат од родителите, а од нивните прекори и критики се бранат со лаги. На списокот од најчести лаги се наоѓаат следниве:
Денеска немам домашна работа
Малку-малку па детето ви соопштува дека не мора да учи, затоа што професорите така одлучиле. А вистината е дека ќе ја препишат домашната од некој пред часови или пак ќе побегнат од спорниот час.
Професорот не стаса да ме испраша, па не ја поправив оценката
Класична лага кон која прибегнуваат кога нема да стасаат да се подготват за час.
Вечер ќе спијам кај најдобрата другарка
Тоа значи дека ноќта сигурно ќе помине бурно, а прашање е дали наместо кај другарката ќе отиде кај некој друг.
Тато (или мама), кажа дека може
Кога едниот родител нешто ќе забрани, тука е другиот родител на кој може да се вади, а кој во моментот е на работа или на пат, и всушност, не е ни прашан.
Не го слушнав телефонот, ниту пак го видов пропуштениот повик
Родителите често ѕвонат во погрешно време, па детето лесно се извлекува кога ќе излаже дека не го слушнал телефонот.
Но, сите го прават тоа
Ова е реакција на некоја забрана која звучи поубедливо ако родителот мисли дека само тој ја изрекува, додека останатите родители не им го забрануваат тоа на своите деца.