Најчести родителски грешки кои го забавуваат развојот на детската интелигенција 

Др. Ранко Рајовиќ, познат стручњак за рано поттикнување на детската интелигенција објаснува зошто не треба да им забрануваме на децата да си играат на подот, да скокаат по креветот и да се вртат околу својата оска.

0
457

Интелигенцијата не е наследна, се наследува само потенцијалот кој треба да се активира, а во таа смисла најважна е раната стимулација во првите години од животот на детето, додека најголемо влијание на него имаат токму родителите“, истакнува др. Ранко Рајовиќ, автор на системот за учење (NTC) кој се орименува во градинките и училиштата во 14 европски држави, вклучувајќи и некои градинки во Хрватска.

Доктор, специјалист за интерна медицина од Србија, кој низа години се бавел со истражувања во подрачјето на неврофизиологијата и невроендокринологијата, е член на меѓународниот одбор на Менса за талентирани деца и соработник на УНИЦЕФ, како и сѐ попопуларен стручњак за ран развој на интелигенција.

На едно од своите предавања тој објаснил кои се најчестите грешки со кои родителите можат негативно да влијаат на природниот развој на интелигенцијата кај детето:
Розева соба

Бебето во првиот месец од животот гледа сѐ матно, како да има диоптрија +20, и забележува единствено силни контрасти.

Наместо еднолични, розеви или сини ентериери, во детската соба би требало барем во тој прв период да се стават темни завеси или тапети кои ќе бидат контраст, порачува др. Рајовиќ.

Спречување на играта на под

Додека детето ползи, со рацете се потпира на подот, а таквиот притисок на дланката одредени делови од мозокот кои се важни за подоцнежната интелигенција. Некои родители брзо го креваат детето од подот, не сакаат да се извалка или да стави во устата нешто валкано или нешто што ќе најде долу. Но фазата на ползење е многу кратка и ако тогаш не се случи специфичната стимулација на дланката, се пропушта добра прилика за развој на мозокот.

Забрана за скокање по кревет

Невроните кои не работат, умираат, а токму невроните природно ги поттикнуваат децата да скокаат.

Секој скок го поместува тежиштето на телото налево или надесно па тогаш мораат да ги активираат сите мускули за да одржат рамнотежа при враќањето на нозе, а управувањето со тоа е активност на мозокот.

Наместо да му забраните на детето да скока на креветот, внимавајте на безбедноста.

А ако навистина сакате да го поттикнете развојот на интелигенција на детето, родете му брат или сестра, затоа што едно дете ќе скока пет минути, а две ќе скокаат пет часа, порачува др.Ранко Рајовиќ, кој напоменува дека слично како скокањето, делува и вртењето околу својата оска, после што децата најчесто паѓаат.

Возење во количка наместо одење

Одењето е многу важно за развојот на мозокот, а многу родители денеска ги возат децата во количка дури до четвртата или до петтата година. Покрај влијанието на когнитивниот развој, долгото возење на децата во количка доведува и до појава на спуштени стапала какви што денеска имаат веќе околу 70 отсто од децата. Секако децата би требало што повеќе да одат, а идеално е, кога постојат услови за тоа, да одат боси.

Предолго блендирање на храната

Со џвакање детето почнува на шестмесечна возраст, а до 18 месеци секако би требало да прејдат од кашичка на цврста храна. Важно е да џвака, храната да не му се ситни на мали парченца, затоа што џвакањето, според зборовите на др.Рајовиќ, испраќа импулси во кортексот, ги чисти збаите, го активира јазикот, па и говорот подобро ќе се развие, а важно е и за имунитет.

Но дури и ако имало грешки и пропусти во првите години, напоменува др.Ранко Рајовиќ, родителите сѐ уште можат низ различни вежби и игри да го поттикнат развојот на интелигенција кај своето дете на предучилишна или училишна возраст.

[better-ads type='banner' banner='999' ]