Трендовите на детските забави постојано семенуваат затоа што родителите посегаат по некои нови поинтересни начини за да ги прослават родендените на своите деца.
Еден необичен тренд се проширил ширум светот со неверојатна брзина. Таканаречените „Журки за 5 фунти“ вклучуваат едно необично правило. Родителите не мораат да купуваат подароци како играчките, книги, облека, туку наместо тоа, носат банкнота од 5 фунти (или во денари, околу 350 денари).
Се разбира дека оваа сума во наши услови би можела да биде на пример околу 200 денари.
Според мислењето на родителите ова доста го намалува стресот околу купувањето подароци и изборот на тоа што ќе му се допаѓа на детето. Покрај тоа, децата се учат под славењето родендени да подразбираат забава и дружење,а не да собираат купишта подароци. Исто така, многу важна ставка е и учењето да собираат пари за нешто вредно, што славеникот навистина го сака.
Поканите за ваквиот тип роденденски прослави би можеле да содржат текст како следниов:
„Марко ќе слави роденден! Тој би сакал сет лего коцки, па наместо да му носите подароци, ставете во честитката 200 денари за да собереме поголема сума пари и да гоизненадиме. Ви благодарам!“
Родителите сметаат дека на овој начин децата ќе имаат можност да учат за трошењето и за штедењето. Освен тоа, секој при купувањето пдарок би потрошили повеќе од 200 денари.
Фото: Pixabey