Тинејџерите обично превртуваат со очите на следново прашање од родителите: „Ако сите твои пријатели скокнат од карпа (или по наше: „ако скокнат во Вардар“), дали и ти ќе го направиш тоа“?
Но, ова прашање, после сите оние глупави предизвици на социјалните мрежи кои беа актуелни помеѓу децата и тинејџерите, е всушност, сосема логично.
Се прашуваме дали можеби навистина следниот предизвик нема да биде токму таков „скок од карпа“?
Имено, оваа недела, на социјалните мрежи, особено на Снепчет, актуелен е Shell On Challenge.
„Предизвикот“ се состои во тоа да јадете храна заедно со нејзината амбалажа или со кората, на пример, сендвич во кеса со затварач, моркови во пластична кеса, мафини со хартиените кошнички во кои се наоѓаат, сирови јајца со лушпа или лимон и банана со кора.
Овој предизвик се појави на социјалните мрежи во октомври мнатата година, а моментално, неговата популарност во Америка е на врвот. Луѓето, особено тнејџерите, снимките ги објавуваат на Инстаграм, Јутјуб и Снепчет
Лекарите остр ги предупредуваат тинејџерите да не го прават тоа. The Post пишува дека кората од овошјето и не е толку опасна како што може да биде пластиката.
„BPA влијае на хормоните, а хемикалиите во пластичната амбалажа, како винил хлоридот, се поврзуваат со ракот“, наведува The Post.
Овој предизвик е продолжение на минатогодишниот предизвик Tide Pod, кога тинејџерите јадеа капсули за перење алишта. Интернет беше преполн со такви записи коииаат и повеќеод 100 илјади прегледи, но потоа беа отстранети од Јутјуб поради опасното влијание кои можат да го имаат врз здравјето.
Фото: Pixabey